Словенечкото Министерство за земјоделство, шумарство и храна објави јавен повик до граѓани, правни лица и други организации за доделување на наградата Златна пчела 2023 година.
Се очекуваат апликации од Словенија и од странство, а повикот е отворен три месеци, односно до 1 март 2023 година. Предмет на повикот се проекти или достигнувања од областа на истражување на пчели и други опрашувачи кои се објавени во изминатите седум години, односно во периодот 2015 -2022 година.
На 20 мај, на Светскиот ден на пчелата, комисијата ќе го избере добитникот на наградата, ќе ја предаде скулптурата и паричната награда во износ од 28.000 евра.
Наградата ги охрабрува и поддржува иновациите и извонредноста на поединци или правни лица кои дале особено значаен придонес во заштитата и подигнувањето на свеста за важноста на пчелите и другите опрашувачи во светот.
Поканата и регистрацијата се достапни на линкот.
