Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ангеловска–Божоска за „Новости“: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Ангеловска–Божоска за „Новости“: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто
Агровести

Ангеловска–Божоска за „Новости“: Благодарение на Отворен Балкан размената со Србија зголемена за 20 отсто

Објавено 19/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Гувернерката на Народната банка на Северна Македонија, Анита Ангеловска Божоска, оцени дека иницијативата Отворен Балкан веќе дава резултати бидејќи трговската размена меѓу Србија и Северна Македонија годинава се зголемила за 20 отсто, јави дописникот на МИА од Белград.

-Ефект може да има и напорите за поврзување на пазарот на трудот во услови кога сите три земји се соочуваат со намалување на работоспособното население. Зголемената интеграција може да ги направи економиите поконкурентни и поатрактивни за директни странски инвестиции, заклучи гувернерката на НБСМ во интервју за белградски „Вечерње новости“.

Таа оцени дека НБРСМ има добра соработка со Народната банка на Србија и го наведе примерот со вклучувањето на динарот и денарот во курсевите на две национални банки, што овозможило тргување со тие валути на домашните пазари и ја олеснило економската соработка меѓу двете земји.

Ангеловска Божоска рече дека централните банки на Северна Македонија и Србија постигнале високо ниво на подготвеност да преминат на еврото.

-Двете земји видно работат во континуитет за да обезбедат, кога ќе дојде моментот, побрзо да поминат низ процесот на монетарна интеграција. Првиот услов е полноправно членство во ЕУ. Вториот е исполнување на критериумите од Мастрихт, а двете земји на овој план покажаа добри перформанси, што укажува на висок степен на подготвеност. На крајот на краиштата, извештајот на Европската комисија укажува на ваквите констатации, рече гувернерката на НБРСМ Анита Ангеловска Божоска за „Вечерње новости“.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Ангеловска–БожоскаОтворен Балкан
Претходен напис Се очекува значителен пад на производството на цитруси
Следен напис Поскапува дизелот, поевтинува мазутот
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?