Според податоците на Светската организација за цитруси (WCO), производството на цитруси на северната хемисфера ќе падне за 13 проценти во сезоната 2022/23. Прелиминарната прогноза, која беше претставена на Глобалниот конгрес на производители на цитрусно овошје, се заснова на податоци од Египет, Грција, Израел, Италија, Мароко, Шпанија, Тунис, Турција и САД.
Филип Бинар, генерален секретар на оваа организација, коментира дека родот се предвидува да падне на 25.958.275 тони, што е значително намалување во однос на претходната сезона.
Како што можеше да се слушне, годинашното производство е едно од најлошите во последните неколку сезони, главно поради климатските проблеми во водечките земји извозници.
-Но, и покрај намалувањето на производството на северната хемисфера, пазарот на цитрус е сè уште жив. Ова се уште е едно од водечките овошја на светскиот пазар – изјавија претставниците на таа организација.
Предвидено е вкупнот намалување на производството на портокали за 11,7 отсто, на грејпфрут за 16,8 отсто, додека, на пример, на лимонот се очекува пад од 15,7 отсто. Во Европската Унија се предвидува нешто поголемо намалување на производството, за околу 15 отсто, односно 20,9 отсто во Шпанија и Италија, додека WCO проценува зголемување на производството за Грција од 10,83 отсто.