Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Првпат имаме програма за поддршка на мали семејни винарии, доделивме 59 грантови
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Првпат имаме програма за поддршка на мали семејни винарии, доделивме 59 грантови
Агровести

Николовски: Првпат имаме програма за поддршка на мали семејни винарии, доделивме 59 грантови

Објавено 17/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Тиквешки семејни винари, веќе не треба да е само тиквешки туку и македонски, затоа што тука се изложувачи производители од целата држава, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски на денешниот предновогодишен вински салон на мали тиквешки семејни винарии во Кавадарци. Тој изрази задоволство што „Тиквешки семејни винари“ склучи договор со „Вина од Македонија“.

– Првпат имаме програма за поддршка на малите семејни винарии и доделени се 59 грантови од 10 илјади евра. Оваа програма ќе ја има и следната 2023 година. Обезбедени се 70 милиони денари за малите производители на вино, на храна и на дестилерии. Чекајте ја новата програма во јануари за малите стартап семејни винарии со грант од 10 илјади евра, рече министерот Николовски. Тој посочи дека првпат новата програма ќе има за мали производители на храна од животинско и неживотинско потекло со грант од 10 илјади евра, а исто толку пари како грант се предвидени и за мали стартап дестилерии.

– Ова е богатството на нашата земја. Тука е нашата предност. Заедно ќе ја развиваме винската култура Тој посочи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство оваа година поддржало 70 манифестации, локални и со меѓународен карактер и сите добиле финансиска поддршка, вклучително и денешниот настан во Кавадарци. Министерот Николовски рече дека поддршката на манифестациите ќе продолжи и следната година. Инаку, на винскиот салон присуствуваа над 35 мали винарии, а посетителите имаа можност да се запознаат и дегустираат над 200 сорти вино, 30 сорти ракии, 30 вињаци и да вкусат храна од четири производители. Организаторите на винскиот салон истакнаа дека целта на настанот е да ги поттикнат Македонците да купуваат производи од малите винарии.

Може да ви се допадне

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Таг:мали семејни винарииниколовскитиквеш
Претходен напис Дали пластиката и најлонот навистина ги штитат растенијата од смрзнување?
Следен напис Николовски: Со буџетот за 2023 година обезбедуваме средства за најголемата реформа во земјоделството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?