Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: На фармата „Млекопромет” во пелагониското село Мусинци, „Бимилк“ ѝ додели робот за измолзување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > На фармата „Млекопромет” во пелагониското село Мусинци, „Бимилк“ ѝ додели робот за измолзување
Агросектор

На фармата „Млекопромет” во пелагониското село Мусинци, „Бимилк“ ѝ додели робот за измолзување

Објавено 07/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вториот робот за измолзување, набавен преку проектот на „Бимилк“ и УСАИД чија цел е модернизација и унапредување на млекопроизводството во Македонија, пристигна кај корисникот – фармата „Млекопромет” од Мусинци која ќе биде една од првите фарми во земјава што со инвестицијата од Битолска млекара ќе применува современа технологија во примарното млекопроизводство.

Од Бимилк соопштуваат дека целта на модернизацијата на малите и средните фарми и примената на новите технологии е зголемување на продуктивноста и приносот од кравите, на квалитетот на млекото и воопшто за унапредување на процесот на млекопроизводството.

-Роботот за измолзување крави е една од најголемите и највредни инвестиции за една фарма и тоа е она што Битолска млекара го прави за своите кооперанти, затоа што примарните млекопроизводители се столбот на млечната индустрија. Само на овој начин, со соработка и со примена на современи технологии, можеме да дојдеме до зголемување на примарното млекопроизводството и на продуктивноста на кравите, а со тоа и до зголемување на домашното производство. Светските искуства покажуваат дека оваа технологија има исклучително позитивно влијание врз продуктивноста на фармите. Ја користиме оваа прилика уште еднаш да ја истакнеме и финансиската и техничката поддршка на УСАИД со Проектот за развој на деловниот екосистем, во реализацијата на оваа инвестиција, соопштија од Млекара АД Битола.

Ова е втор робот за измолзување којшто е обезбеден од Битолска млекара со поддршка на УСАИД преку проектот за развој на деловниот екосистем, а наменет за  поддршка на развојот и зголемување на потенцијалите на семејните фарми.

Пред „Млекопромет“, првата млекарница што доби робот за измолзување беше фармата „Пивко“.

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
(ВИДЕО) Робот изгради куќа со три спални соби за 24 часа: Цената е нереално ниска
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
Таг:БимилкМусинциробот
Претходен напис Трет ден протестираат одгледувачите на свињи од кумановското село Тромеѓа
Следен напис Минималната потрошувачка кошничка во ноември 51.714 денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?