Во рамки на проектот „Здрава ужинка за секој ученик“, кој го спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, досега се дистрибуирани 370 тони јаболка низ основните училишта ширум државава.
„Обезбедуваме здрава ужинка за секое дете, и со тоа го поддржуваме откупот на домашните земјоделски производи. Досега извршена е дистрибуција на повеќе од 370 тони јаболка низ основните училишта ширум државава. Веќе во следната 2023 година, продолжуваме со оваа програма, но покрај јаболката ќе опфатиме и други видови овошје, зеленчук, млеко и млечни производи кои исто така ќе бидат дистрибуирани до основните училишта како здрава ужинка.“, рече министерот Љупчо Николовски.
