Хрватските фудбалери вчера успеаја да се пласираат во четвртфиналето на Светското фудбалско првенство во Катар, па хрватските медиуми горди на своите „херои“ сакаат на секој начин да ги истакнат нивните доблести и да откријат повеќе факти за нивниот живот надвор од фудбалот. Ова се неколку интересни податоци за неколку хрватски фудбалери кои се поврзани со различни земјоделски гранки.
Хрватскиот репрезентативец Иван Перишиќ, детството го поминал работејќи на живинарската фарма на татко му во Копривно, недалеку од родниот Омиш. Опкружен со кокошки, Перишиќ сè уште го носи прекарот „Кока“.

Иван често вели дека тешко дека би имал кариера да не бил неговиот татко кој се откажал од многу работи и напорно работел на фармата. Иван како дете работел на фармата со сестра му Анита, а оние што го познаваат велат дека ја наследил својата упорност токму од татко му.
Домагој Вида има фарма на црни свињи наречена Син на рамнината, како што се нарекуваат и неговите сувомеснати производи. Фармата се наоѓа во близина на неговото родно село Доњи Михољец.
„Со ваква исхрана ќе играш до 50 години. Добар апетит, братко.“, му рекол во една прилика Вида на Лука Модриќ, кога му подарил од неговите сувомесни производи.
Лука Модриќ како петгодишно момче чувал овци и кози на Велебит.

Момченцето кое суверено го чува богатството, пркосејќи им на бурата и на дивите ѕверови овековечено е и во краткометражен документиран филм.
Во интервју за Јутарњи лист хрватскиот дефанзивец Јошко Гвардиол откри дека да не бил фудбалер, ќе тргнел по стапките на неговиот татко и ќе се занимавал со риболов. Токму неговиот татко Тихомир бил најзаслужен за љубовта на Гвардиол кон фудбалот е таткото на Јошко, Тихомир кој исто така играл фудбал во малите денови, но никогаш професионално. Тихомир Гвардиол е роден во Новиград, а до ден денес работи во рибарницата Ивчиќ, која има свој штанд на пазарот Долац каде што продава риба од Новиград.
