Европол и шпанската „Гардија Цивил“ заеднички ја разоткриле илегалната продажба на коњско месо несоодветно за консумирање, како и нелегалните кланици. Месото на кое не може да му се влезе во трага се продавало на шпанскиот, но и на белгискиот, германскиот и италијанскиот пазар.
Истрагата довела до откривање на голема криминална мрежа поврзана со бројни кривични дела, вклучувајќи измама со храна, перење пари и фалсификување документи. Осомничените имале различни функции: од оние кои колеле животни без потребните контроли до луѓе кои се занимавале со транспорт, ветеринари кои обезбедувале лажни документи и месари кои продавале месо несоодветно за консумирање.
🚨 41 arrests for selling potentially dangerous horsemeat.
🚫 The operation, developed jointly by Europol & 🇪🇸 @guardiacivil, led to the seizure of more than half a tonne of horsemeat unfit for consumption.
🐴 80 horses were rescued.
Press release ⤵️https://t.co/rNkMPkcluX pic.twitter.com/XaPTUrv1fg
— Europol (@Europol) December 1, 2022
Фалсификувале документи и со тоа ја спречиле следливоста на коњското месо. Уапсени се вкупно 41 лице, од кои 35 биле вклучени во криминални активности. Во овој случај биле инволвирани и шест компании, а апсења биле извршени и во Белгија. За време на рациите во Шпанија, одземено е половина тон од ова месо, несоодветно за консумирање.
Милиони заработка и злоупотреба на животни
Европол наведува дека коњите се купени во Шпанија по многу ниска цена од 100 евра по животно. Не биле наменети за пазарот на храна, но профитот бил голем.
Илегалните трговци имале комплетен погон и почнале да извезуваат месо на други пазари во Европа. Шпанската полиција ги открила тајните објекти и пронашла 80 коњи кои биле злоупотребувани и запоставени поради недостиг на ветеринарна контрола. Тие биле сместени во несоодветни објекти со лоши услови и недостаток на вода и храна, што претставува значителен ризик за развој на зоонози.
Криминалците за една нелегална пратка добивале 35.000 евра, со проценет промет од 4,5 милиони евра на логистичка страна. Остварен е незаконски профит од околу 1,5 милиони евра.
