Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Намалени прогнози на ФАО за глобалното производство и залихите на житарките
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Намалени прогнози на ФАО за глобалното производство и залихите на житарките
Агровести

Намалени прогнози на ФАО за глобалното производство и залихите на житарките

Објавено 05/12/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во својот последен извештај, Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (FAO) ја намали својата прогноза за светското производство на житни култури во 2022 година за 7,2 милиони тони овој месец и сега е поставена на 2.756 тони. Тоа се два отсто или 57 милиони тони помалку во однос на претходната година. Намалувањето главно се однесува на пченката, а во помала мера на пченицата.

Глобалното производство на крупнозрнести житарки во 2022 година е намалено за речиси 5 милиони тони до 1462 милиони тони. Намалувањето во однос на минатата година е 3,1 отсто. Неодамнешниот пад во голема мера ги одразува помалите изгледи за жетвата на пченка во Украина, каде што многу земјоделци ги оставија земјоделските посеви необрабни. Помал род од претходно предвидениот е забележан во Србија, каде што сушата нагло ги намали приносите.

Глобалното производство на пченица во 2022 година е намалено овој месец за 2,7 милиони тони до 781,2 милиони тони, но сепак е рекордно. Сушата во Аргентина ги намали приносите и изгледите за производство. Таа загуба беше делумно неутрализирана со растот во Обединетото Кралство, Северна Ирска и Казахстан.

Кај оризот, во 2022 година ќе падне за 2,4 отсто под рекордот од 2021 година на вкупна количина од 512,8 милиони тони.

На северната хемисфера во тек е сеидбата на зимската пченица за 2023 година. Проблемот е пристапноста на инпитите. Во САД беше речиси завршена до средината на ноември, но сушата влијае на посевите. Во Европската Унија условите се поволни и има доволно врнежи. Меѓутоа, војната во Украина речиси ќе ги преполови засеаните површини.

Обилните дождови и релативно пониските цени на домашниот пазар може да ги намалат засеаните површини во Русија. Од друга страна, високите домашни цени поттикнуваат сеидба на пченица во Кина и Индија, додека како резултат на големите поплави во Пакистан, површините би можеле да бидат помали. Во јужната хемисфера во тек е сеидба на крупнозрнестите житарки. Бразил има рекордна површина под пченка, додека во Јужна Африка се намалуваат.

Прогнозата за светското користење на житарки во 2022/23 година е на 2777 милиони тони, што е речиси непроменето во однос на претходниот месец. Тоа укажува на пад од 0,7 отсто или 21 милион тони споредено со 2021/22 година.

Прогноза за вкупното искористување на крупнозрнестите во 2022/23 година е незначително намалена за 1,2 милиони тони во однос на претходниот, од ноември на 1484 милиони тони. Падот е 1,3 отсто во однос на минатата сезона. За тоа придонесува и намалувањето на употребата на пченка за добиточна храна, како и на јачменот и индустриската употреба на пченката.

Кога станува збор за пченицата во 2022/23 година, прогнозата е непроменета во однос на минатиот месец и изнесува 775 милиони тони. Зголемувањето е 0,2 отсто во однос на нивото од 2021/22 година, а зголемена е и употребата на пченицата за исхрана.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:faoжитаркипченица
Претходен напис Прополис и полен – Суперхрана за здравје и силен имунитет
Следен напис Николовски го најави најголемиот Буџет за земјоделство досега – 12 милијарди денари за 2023
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?