Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Расте извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ – Од каде најмногу се увезува?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Расте извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ – Од каде најмногу се увезува?
Пазари

Расте извозот и увозот на земјоделско-прехранбени производи во ЕУ – Од каде најмногу се увезува?

Објавено 02/12/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Месечниот извештај на Европската комисија за трговијата со земјоделско-прехранбени производи покажува дека во август 2022 година таа достигнала вкупна вредност од 35 милијарди евра во Европската Унија.

Во истиот месец, трговскиот биланс достигнал највисока вредност во годината, 5,6 милијарди евра. Вредноста на извозот е зголемена за шест отсто, а на увозот за три отсто во однос на јули 2022 година.

Извозот на земјоделско-прехранбени производи во август достигнал 20,3 милијарди евра, а вкупниот, во првите осум месеци од годинава, изнесувал 148 милијарди евра. Тоа одговара на 75 отсто од вредноста на вкупниот извоз во 2021 година.

Највисоки вредности во осмиот месец се однесуваат житните производи во износ од 1,7 милијарди евра, пченицата 1,6 милијарди евра и виното 1,4 милијарди евра.

Најмногу производи од житни култури се извезени во Обединетото Кралство, Кина и САД. Регионот на Блискиот Исток/Северна Африка (МЕNА) и субсахарска Африка учествуваат со голем удел во извозот на пченица. Само во август во регионот МЕNА пристигнале два милиони тони пченица, што претставува 48 отсто од нејзиниот вкупен извоз. 1,5 милиони тони пристигнале во субсахарска Африка, што е 34 проценти.

Од почетокот на годината до август 2022 година, 36 отсто од виното на ЕУ било извезено во Северна Америка, додека 27 отсто во Обединетото Кралство, Швајцарија и Норвешка.

Увоз од Бразил, Обединетото Кралство и Украина

Увозот од ЕУ се зголемил за три отсто и достигнал 14,7 милијарди евра во август 2022 година. Вкупниот увоз на ЕУ во првите осум месеци од 2022 година изнесува 110,9 милијарди евра, што одговара на 85 отсто од годишниот увоз во 2021 година.

Во август 2022 година, ЕУ главно увезуваше од Бразил, Обединетото Кралство и Украина. Од Украина увозот е зголемен за 19 отсто во август во однос на јули, главно поради зголемувањето на увозот на маслодајна репка за 469 отсто и пченица за 246 отсто. Кога станува збор за пченката, увозот во август пораснал за 77 отсто, најмногу поради летната суша која влијаеше на приносите во земјите од ЕУ.

Во фокус трговијата со Индија

Индија е во групата на најголеми трговски партнери на Унијата, која повеќе увезува од таа земја отколку што извезува, кога станува збор за земјоделскиот и прехранбениот сектор. Најмногу се увезува кафето, чајот, какаото и зачините во вредност од 521 милион евра, а потоа сојата, оризот и сировиот тутун.

ЕУ во Индија најмногу извезуваше растителни влакна, млечни производи и овошје (јаболка и круши), како и јаткасти плодови.

Може да ви се допадне

59-та Директорска конференција на Платежни агенции од Европска унија
Раст и на извозот и на увозот во првите два месеца од годинава
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи согласно податоците бележи раст за над 5 прoценти
АХВ спречи увоз на 50 тони небезбедна храна на македонскиот пазар
Трипуновски: Извозот на земјоделски производи за 2025 изнесуваше 416,7 милиони евра, раст од 85 милиони евра 
Таг:Европска унијаизвозувоз
Претходен напис Следниот период нè очекува претежно облачно време со релативно високи утрински температури
Следен напис (ВИДЕО) Рецепт кој не може да се згреши: Пита со тиква која се топи во устата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?