Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Нов закон во Хрватска: Колегите и шефот не смеат да ѕвонат, да праќаат СМС пораки и мејлови по работното време
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Нов закон во Хрватска: Колегите и шефот не смеат да ѕвонат, да праќаат СМС пораки и мејлови по работното време
Магазин

Нов закон во Хрватска: Колегите и шефот не смеат да ѕвонат, да праќаат СМС пораки и мејлови по работното време

Објавено 02/12/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со измените на Законот за труд во второ читање во Хрватска веќе нема да има вознемирување и повици од шефот секогаш кога ќе му падне на памет. Нема да смее да праќа ни мејлови или СМС-пораки за време на одморот, во неработни денови и после работното време.

Иако работата во недела ќе се плаќа значително повеќе, работникот има право да ја одбие, без последици.

„Итна потреба може да биде ако сте водоинсталатер и пукнале некои цевки или ако треба нешто итно да се одработи за да дојдете на работа, тогаш секако дека работникот има право на платена прекувремена работа. И вие новинарите исто мора да интервенирате ако нешто се случува затоа што е со цел да се информира јавноста, па тоа ќе се разгледува од случај до случај“, вели хрватскиот помошник-министер за труд, пензиски систем и семејство Дражен Опалиќ.

На пример, тешко е да се предвиди нивото на водата на Сава, така што повиците надвор од работното време во оваа геодетска компанија се разбирливи.

„Ги барам по потреба во исклучителни случаи, а тоа често се случува. Им се јавувам, тие одговараат ако можат, ако не се јавуваат подоцна, а исто и јас им стојам на располагање и надвор од работното време“, изјави Ведран Цар, директорот на геодетската компанија.

Ако работодавачот му се јави на вработениот надвор од работното време – нема да биде казнет, ​​а ако работникот не му одговори, не смее да биде казнет поради тоа.

„Ако работникот поради тоа добие отказ, ќе добие на суд бидејќи ќе се работи за незаконит отказ“, објаснува Опалиќ, пишува danas.hr.

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:хрватскашеф
Претходен напис Времето денеска облачно со сончеви периоди, претпладне со услови за слаба магла
Следен напис Божиќната ѕвезда може да ви цвета преку цела година, еве како
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?