Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Кутиров: Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Кутиров: Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час
Агровести

Кутиров: Започна примената на зелените царински декларации, царинењето завршува за еден час

Објавено 25/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Царинењето веќе се врши во целосна бесхартиена околина, и притоа завршува автоматски за еден час, со т.н. зелена царинска декларација, објави директорката на Царинската управа, Славица Кутиров.

-Ова е голема новина во царинското работење, која на економските оператори им овозможува огромно забрзување на постапката, заштеда на време и ресурси. Истовремено, со ова Царинската управа станува институција со високо ниво на дигитализација, препознаена во земјата и во регионот, вели Кутиров.

Во текот на вчерашниот ден, како што се наведува во соопштението на Царинската управа, обработени се вкупно 833 увозни и 538 извозни зелени царински декларации, и за истите царинењето е успешно завршено за еден час, што претставува 80 отсто од вкупниот број на поднесени декларации. Царинењето за еден час, се додава во соопштението, се овозможува за увозни и извозни декларации, кои се правилно пополнети и автоматски валидирани, со електронски приложени сите документи и кои системот ги селектирал како неризични, односно зелени, кои не подлежат на дополнителни проверки и контроли, и за кои се платени или обезбедени царинските давачки. Во моментот кога декларацијата е селектирана од системот на зелен канал, започнува да тече тајмер подесен на еден час, после кој истата автоматски добива статус дека се пушта во слободен промет, нагласуваат од Царинската управа. Оваа постапка за царинење на стоката, застапниците ќе можат да ја спроведат далечински, без потреба да доаѓаат во царинските терминали и да комуницираат непосредно со царинските службеници. Комуникацијата со застапникот за останатите царински декларации, селектирани од системот или од царинскиот службеник за документарна контрола, врз основа на дополнителни сознанија, исто така ќе се одвива преку системот. За оваа новина во изминатата недела беа спроведени обуки за царинските службеници и економските оператори. Притоа, економските оператори ги поздравија заложбите на Царинската управа коишто се преземаат во континуитет за дигитализација и олеснување на трговијата, како важeн фактор за зајакнување на конкурентноста на компаниите и економскиот развој на земјата, се додава во соопштението.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:славица кутировцаринацаринска управа
Претходен напис Цените на житарките на светските берзи паѓаат, поскапе само пченицата на француската берза
Следен напис Средба Николовски – Гечев: Ја унапредуваме соработката во земјоделството меѓу Северна Македонија и Бугарија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?