Отстранувањето на трупците може да биде напорна работа ако не поседувате или не можете да изнајмите трактор со сврдел или дел за корнење.
Ако решиме сами да го направиме тоа, треба да знаеме дека дрвјата се разликуваат по цврстина и по корените. Во зависност од видот на дрвото, сложеноста на корените и дијаметарот, можеме да ја завршиме нашата работа за неколку часа или за подолг временски период.
Постојат многу техники за отстранување.
Употребата на хемиски стредства е проблем бидејќи тие се апсорбираат во околната почва и се испираат во подземните води. Доколку сепак се одлучите за овој метод, трупецот или се сече или се дупчат подлабоки дупки во кои се истура калиум нитрат и се полева со малку вода. Ефектот на хемикалијата е бавен и може да потрае и до два месеци. Ткивото на дрвото ќе стане сунѓересто и потоа лесно се сече со секира. Покрај калиум нитрат, се користат и други материи кои ја разградуваат дрвната маса: ѓубрива богати со азот, масло за греење.
Еден од најлесните, но и најдолгите начини е неговото компостирање. Над него се става големо количество органска маса, а микроорганизмите постепено ќе го населуваат и разградуваат.
Можете да искористите и оган. Од запалениот трупец ќе остане само пепел.
Рачно вадење
За рачно вадење ќе ви треба алат за сеча. Стеблото треба да се остави малку над површината на земјата, не треба целосно да се отстранува. Така ќе добиете своевиден лост за лесно извлекување.
Отстранете ја почвата околу трупецот на растојание од 0,60 до 1 m, во зависност од големината и староста на исеченото дрво и дијаметарот на трупецот. Ова ќе ви овозможи да стигнете до главните жили во земјата. Колку повеќе земја отстраните, толку полесно ќе се извади трупецот. Со ножици, лопата или пила исечете исечете што повеќе мали корења и ослободете го централниот дел. Потоа со туркање напред-назад или на страна, можете да ја олабавите основата на стеблото.
Со помош на лопата проверете дали има уште корени кои треба да се отстранат.
За поголемите трупци ќе треба да се користи возило, камион или најсигурно трактор и синџир врзан околу трупецот.
Дупката пополнете ја со земја.
А ако трупецот не ви пречи многу, можете да го користите како украс во градината. Издупчете го, ставете земја во дупката и засадете цвеќиња..
Во следното видео погледнете уште еден начин на вадење трупец.
