Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Општина Илинден прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Општина Илинден прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва
Агровести

Општина Илинден прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва

Објавено 23/11/2022
Сподели
1 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Општина Илинден соопшти дека прв пат спроведе бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва. Анализите се реализирани на 20 различни локации во сите населени места во општината, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) од Скопје, а целта е унапредување на земјоделството.

-Земјоделците се наш приоритет во работата. Целта на ова испитување е да добијат информации за квалитетот на почвата која ја обработуваат во нашата општина. Користа е повеќенаменска: правилно, навремено ѓубрење на културите, зголемување на приносот, намалување на загадувањето на почвата и подобрување на квалитетот на производите, наведува Општината.

Земјоделците имаа и средба со градоначалникот Александар Георгиевски и со професорот Миле Маркоски од ФЗНХ.

-Георгиевски изрази задоволство од интересот на земјоделците кои се вклучија во акцијата и додаде дека Општина Илинден е посветена во унапредување на земјоделството. Воедно истакна дека соработката со стручни лица од ФЗНХ и земјоделците ќе продолжи со други активности и проекти кон унапредување на земјоделството. Земјоделците, пак, на состанокот со Маркоски беа детално информирани за резултатите од агрохемиската анализа на почвата и за начинот на обработка на земјиштето за натамошно подобрување на квалитетот на производите и зголемување реколтите, соопшти Општина Илинден.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:агрохемиски анализи
Претходен напис Зелен маркетинг – позитивни примери за успешни зелени бизниси
Следен напис Како да се отстрани трупецот по сечењето на дрвото?
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?