Во четврток (24.11.2022) со почеток во 15:00 часот во Тетово ќе се одржи едукативна и информативна средба со земјоделците на тема:
- Законот за задолжително земјоделско осигурување
- Органското производство на земјоделски производи

Средбата се одржува во Honey House Academy се наоѓа кај Паркот на пчелата во Тетово ( Чај бафче) улица Ленин 131
На настанот ќе присуствуваат претставници од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, советници за органско производство и претставници од Агротим.

На трибината ќе има и претставници од Агротим консалтинг кои ќе ве информираат за очекуваниот повик од ИПАРД и други мерки на Владата.
