Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Како Шопската салата го добила името и каде најмногу грешиме кога ја подготвуваме?
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Како Шопската салата го добила името и каде најмногу грешиме кога ја подготвуваме?
Магазин

Како Шопската салата го добила името и каде најмногу грешиме кога ја подготвуваме?

Објавено 21/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Шопската салата е една од нашите традиционални, домашни салати, карактеристична за нашето поднебје. Потекнува од Шопскиот регион, односно Источна Македонија и Западна Бугарија. Овој регион е познат по одгледувањето на раноградинарскиот зеленчук и правењето вкусно сирење. Тоа се и компонентите на шопската салата.

Шопската салата се подготвува од домати, краставици, пиперка, кромид и малку сирење, сол и масло.

Каде најчесто грешиме?

Грешката се случува кога ќе претераме со сирењето, маслото и солта.

Сирењето е богато со заситени маснотии и драстично ја зголемува калоричната вредност и е богато со сол. Тоа треба да се користи како еден вид зачин и на тој начин да се избегне потребата од дополнителна сол, која исто така може да биде доста штетна. Секако, сирењето има и некои корисни компоненти, но во целина тоа не е добра храна во поголеми количини.

Кога станува збор за маслото, тоа е најконцентрираниот извор на енергија. Во само 10 ml масло има концентрирана енергија од масти од дури 85kcal. Дополнително, рафинираните масла немаат никакви микронутриенти, а можат да бидат со оштетени масни киселини кои се штетни по здравјето. Затоа, најдобро е воопшто да не се додава масло, а ако веќе сакате да го засилите вкусот, најдобар избор е ладно цеденото масло, но малку.

Како го добила името?

Некои научници претпоставуваат дека Шопите биле потомци на едно од осумте племиња Печенег, кои царот Константин Седми Порфирогенит ги нарекувал Тсопони. Тие биле населени помеѓу Кратово и Софија, како што наведува Трајан Стојановиќ, во книгата „Балкански светови“. Феликс Каниќ во својот патепис „Србија“ забележал дека „Шоповите живеат на територијата на балканскиот превој Гинци јужно од Софија“.

Шопски семејства има и во тимочкиот слив, во околината на Заечар. Тие во тој крај се нарекуваат и Тетевенци по градот Тетевен во Бугарија од каде што се раселиле во текот на 18 век. Јован Цвијиќ утврдил дека ова иселување го предизвикале зулумите на турските арамиски чети во кои имало и Арбанаси.

Јован Цвијиќ наведува дека „Шопите помеѓу Враце и Видина бегале во Стара планина, а некои го поминале Дунав и се иселиле во Влашка, Бесарабија и Банат“. Доаѓајќи во нашите краеви се мешаат со Власите, Србите и Цинцарите и едни на други си го пренесуваат својот јазик, култура па и начин на исхрана. Се занимавале со сточарство и во своите бачила, каде престојувале во текот на летото терајќи ги овците на паша, подготвувале квалитетно сирење (не го ваделе кајмакот).

Може да ви се допадне

Чорба од црвен грав
Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
Таг:ШОПСКАТА САЛАТА
Претходен напис За семејството Филиповиќ oдгледувањето мушмули од хоби прераснало во добра заработка
Следен напис Поевтинуваат горивата – Ова се новите цени
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?