Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Воведување на ознаки за географско потекло – италијанското искуство, добри пракси и студија на случаи
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Воведување на ознаки за географско потекло – италијанското искуство, добри пракси и студија на случаи
Агровести

Воведување на ознаки за географско потекло – италијанското искуство, добри пракси и студија на случаи

Објавено 17/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денес, со почеток во 10.00 во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство се одржува семинар на тема “ВОВЕДУВАЊЕ НА ОЗНАКИ ЗА ГЕОГРАФСКО ПОТЕКЛО – ИТАЛИЈАНСКОТО ИСКУСТВО, ДОБРИ ПРАКСИ И СТУДИЈА НА СЛУЧАИ” организиран од страна на Амбасадата на Р.Италија, ИТА (Италијанската трговска агенција), Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Р.Северна Македонија во соработка со Едукативниот центар М6.

Целта на семинарот и посетата на италијанските експерти е да се пренесе италијанското искуство во областа на ознаките за заштитено географско потекло. Италија е земја која може да се пофали со најголем број производи со заштитена географска ознака или ознака на потекло, кои претставуваат голем дел од извозот на земјоделско-прехранбени производи, меѓу првите во светот.

Во Европската Унија, а неодамна и во Република Северна Македонија, постои механизам за заштита на овие производи од имитација и злоупотреба на нивното географско име со цел да се зачува автентичноста на производите, како и да се заштитат потрошувачите. Во Република Северна Македонија постојат области и региони познати по нивните специфични земјоделски и прехранбени производи или нивните традиционални јадења и специјалитети. Овие производи често се добиваат од автентични суровини од растително или животинско потекло, или имаат специфичен начин на производство, рецепт или уникатна подготовка. Некои од нив се мариовско сирење, беровско сирење, преспанско јаболко, росомански праски, охридски цреши, тетовски грав, беровски компир, итн.

Законот за квалитет на земјоделските производи во Р.Северна Македонија е донесен во 2010 година, и истиот е усогласен со Европската регулатива 1151/2012. Еден дел од Законот се однесува на регистрација и заштита на називот на земјоделските и прехранбените производи со ознака за потекло, географска ознака и ознака за гараниран традиционален специјалитет. Сепак, досега регистрирана е само една географска ознака на национално ниво, „ОХРИДСКА ЦРЕША“. Во процес на регистрација е „ПРЕСПАНСКО ЈАБОЛКО“, „Буковска пипер“, „македонско јагнешко од праменка Овчеполка“, „Мариовски мед“, „Мариовско биено сирење“, и „Беласички костенов мед“. Зошто во Р. Македонија оди бавно воведувањето на ознаките на географско потекло? Какви процедури, механизми и тела треба да постојат за процесот да биде лесен и достапен за производителите? Семинарот е можност да се слушнат искуствата на италијанските експерти – д-р Емилио Гато и д-р Мауро Росати – за практичната примена на овој модел во Италија.

Извор: Опсервер.мк

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:охридска цреша
Претходен напис Постигнат договор за продолжување на извозот на украински житарки преку црноморската траса
Следен напис Дебата „Зелена агенда – обновливи ресурси, македонска храна, европски пазари“
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?