Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Пчеларството начин на живот за Влатко Шишкоски: Ако како човештво успееме да примениме само 10% од нивниот начин и принцип на живот, би имале далеку подобра средина за живеење
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Пчеларството начин на живот за Влатко Шишкоски: Ако како човештво успееме да примениме само 10% од нивниот начин и принцип на живот, би имале далеку подобра средина за живеење
Магазин

Пчеларството начин на живот за Влатко Шишкоски: Ако како човештво успееме да примениме само 10% од нивниот начин и принцип на живот, би имале далеку подобра средина за живеење

Објавено 14/11/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Влатко Шишкоски од Прилеп, по професија агроном со пчеларство како што вели се занимава од кога знае за себе. Има 500 пчелни семејства, Кошниците (пчелните семејства) се наоѓаат на 5 стационарни и една сезонска локација, поточно во Небрегово, Сенокос, Бело Поле (Долненска Општина), Големо Церско (Општина Другово) и сезонски или на паша од костен Лупште (Општина Македонски Брод).

„Се занимавам со пчеларство од кога сум роден“, вели низ смеа Влатко, „Помагав уште од рано детство, а после дипломирањето во 2009 и професионално се занимавам со пчеларство.

Освен мед, Шишкоски произведува и матичен млеч, полен, перга, прополис и восок.

„Зависно од приносот/годината вадиме од 3 до 5 тона мед. Задовилни сме од пласманот, имаме доста муштерии, најголем дел 90% го продаваме на мало… по саеми, на пазар, по порачки, од дома…“, вели Влатко.

Тој додава дека дел од Македонците може да се рече дека консумираат мед, а дел треба уште да се оедуцираат за да добијат медна култура.

„За мене лично, пчеларството претставува начин на живот, особено во сезона кога сме по околу 18 часа на ден со пчелите. И колку повеќе време поминуваме со нив, толку повеќе го осознаваме нивниот принцип и начин на живот и тврдам дека ако како човештво успееме да примениме само 10% од нивниот начин и принцип на живот, би имале далеку подобра средина за живеење.

Шишкоски вели дека „би било добро нашите фармацевтски компании или да почнат да откупуваат или да помагаат при откупот на пчелиниот отров за странските компании. На тој начин би се поедноставил самиот процес на производство.“

Во однос на временските услови и промената на климата, тој објаснува дека пчелите тешко ко поднесуваат топлинскиот стрес кој особено се одразува на растенијата кои престануваат да медоносат.

„Оваа година беше средна по принос. Ниските делови т.е. ливадите и полињата беа добри, а шумските делови слаби. Временските услови и новата технологија и тоа како делуваат негативно на пчеларството. Промената на климата и сите тие хидро и термо нестаболности, а исто така многу влијае и неконтролираното сечење на шумите. Топлинскиот стрес пчелите го поднесуваат тешко, не толку за нив, колку за растенијата што престануваат да медоносат, а и излив на енергија на самите пчели со тоа што мораат да ладат за да ја одржуваат нормалната температура за нормален развој на ларвите, односно потомството.“, објасни Шишкоски.

Може да ви се допадне

Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Кох од гриз
Таг:прилеппчеларникпчеларствошишкоски
Претходен напис Кои растенија треба да се заштитат со агротекстил од ниски температури и мраз?
Следен напис Од утре задолжително носење зимска опрема во возилата
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?