На 9 јануари 2020 година, инфо денови ќе се одржат во Ранковце од 10:00 часот во Противпожарниот дом и во Свети Николе од 14:00 часот во Големата сала во Собранието на општина Свети Николе.
За сите заинтересирани компании во руралните средини, за создавање на нови услови за вработување, достигнување на ЕУ стандардите, имплементирање на нови технологии и процеси, на 28 декември 2019 година отворен е јавен повик 02/2019 година за мерка 3 Инвестиции во основни средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Телото за управување со ИПАРД фондовите одржува инфо денови за спроведување и користење на Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014-2020 со особено внимание на мерката 3.
Распоредот и програмата за инфо деновите (види подолу) се наменети за информирање на сите потенцијални баратели за користење на средствата од ИПАРД Програмата 2014-2020.
1 Ранковце 9 јануари 2020 (четврток) 10.00 мерка 3
2 Свети Николе 9 јануари 2020 (четврток) 14.00 мерка 3
3 Струмица 10 јануари 2020 (петок) 11.00 мерка 3
4 Прилеп 15 јануари 2020 (среда) 11.00 мерка 3
5 Тетово 16 јануари 2020 (четврток) 10.00 мерка 3
6 Кичево 16 јануари 2020 (четврток) 14.00 мерка 3
7 Карпош 17 јануари 2020 (петок) 10.00 мерка 3
8 Аеродром 17 јануари 2020 (петок) 14.00 мерка 3
9 Битола 23 јануари 2020 (четврток) 11.00 мерка 3
10 Градско 24 јануари 2020 (петок) 11.00 мерка 3
11 Кочани 28 јануари 2020 (вторник) 11.00 мерка 3
12 Богданци 29 јануари 2020 (среда) 11.00 мерка 3
