Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Франција е првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои ги убиваат пчелите
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Франција е првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои ги убиваат пчелите
Агровести

Франција е првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои ги убиваат пчелите

Последна измена: 08/01/2020 16:57
Сподели
3 мин. за читање
Сподели

Франција стана првата земја во светот која ќе ги забрани сите пет пестициди кои се смета дека ги убиваат пчелите на Земјата, пишува Иновативност. Феноменот наречен колапс на колониите резултира со рекордни бројки мртви пчели во светот, а научниците како виновници за тоа ги посочуваат неоникотиноидните пестициди.

ЕУ прва забрана три од пестицидите и тоа: клотианидин, имидаклоприд и тиаметоксам. Сепак, Франција оди чекор понапред и ги забранува и тиаклоприд и ацетамиприд во сите земјоделски активности, вклучувајќи ги и стаклениците. Неоникотиноидите по структурата се слични на никотинот и за прв пат се појавија во 90-тите години на минатиот век, а функционираат така што го напаѓаат нервниот систем на инсектите. Бидејчи се прскаат на растенијата, а пчелите се движат по нив и го вдишуваат правот.

Истражувачите посочуваат дека неоникотиноидите исто така се одговорни за помалиот број сперматозоиди кај пчелите, што значи дека се намалува и стапката на репродукција. Други истражувања покажуваат дека хемикалиите им ја попречуваат меморијата и вештините за градење домови на пчелите, па тие наместо да носат мед, заминуваат од саќето и не се враќаат назад. Последното истражување покажува дека многу пчели стануваат зависници од токсичните хемикалии и нонстоп трагаат по уште пестициди.

Врската меѓу пестицидите и намалувањето на популацијата на пчели предизвикува огромна загриженост поради ефектите што ќе ги има врз нашата исхрана. Растенијата, цвеќињата и дрвјата нема да растат без поленизацијата што ја вршат пчелите, што значи дека нема да имаат плодови. Некои земјоделци кои заележале огромен пад на попучацијата пчели имаат и значително помали приноси од фармите.

Додека активистите за заштита на животната средина и одгледувачите на пчели ја поздравуваат одлуката на Франција да ги забрани пестицидите, некои земјоделци не се задоволни поради тоа што нема да можат да бидат конкурентни на пазарот ако не ги заштитуваат посевите со пестициди. Тие сметаат дека нема доволно докази за ваков драматичен потег. Елиминацијата на пестиицидите го поккренува прашањето со што ќе се заменат и какви потенцијални проблеми би можеле да произлезат од употребата на заменските решенија.

Извор:Иновативност.мк

Може да ви се допадне

Заменик министерот за земјоделство, Флакрон Беџети си поднесе оставка
Поскапуваат горивата
Утре се отвора првиот Парк на пчелата – училница за студентите, простор за едукација и информирање на граѓаните
Во Зрновци почна пилот проект за производство на трутово млеко за јакнење на имунитетот и за подигање на профитабилноста на пчеларството
Сообраќајот непречено, по суви коловози
Таг:Забрана за употреба на пестицидипестицидиФранција
Претходен напис Инфо денови за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи
Следен напис Утре инфо ден за ИПАРД во Ранковце и Свети Николе
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?