Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трет обид за поскапување на геотермалната вода во Кочани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Шумарство и водостопанство > Трет обид за поскапување на геотермалната вода во Кочани
Шумарство и водостопанство

Трет обид за поскапување на геотермалната вода во Кочани

Објавено 11/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Управниот одбор на КЈП „Водовод“ по трет пат бара согласност од Советот на Општина Кочани за покачување на цената на геотермалната вода. Новиот предлог е поскапувањето да биде за 28,08 денари за кубен метар, односно за нешто повеќе од 83 отсто. Со тоа, наместо по сегашната цена од 33,82, корисниците би ја плаќале геотермалната вода по 61,9 денари за кубен метар.

Со новото барање драстично е променета првичната калкулација за поскапување од 123,5 отсто, што потоа беше корегирана на близу 98 отсто. И двете претходни барања не добија согласност од Советот, односно на седницата во септември предлогот беше повлечен од страна на неговиот претседател, а на последната седница што се одржа пред десетина дена, корегираното поскапување не доби мнозински број гласови.

-При новата корекција е земена предвид најавената регулирана цена за електрична енергија за комуналните претпријатија од страна на Регулаторна комисија за енергетика, а што е еден од клучните елементи при утврдување на цената на геотермалната вода. Дополнително, поскапувањето е поради инвестиции за репарација на постојна и за набавка на нова  потопна пумпа, потоа зголемените трошоци за плати на вработените врз основа на законска регулатива за минимална плата, како и за обновување на изолацијата на цевководот за дистрибуција на  геотермалната вода, истакнуваат од Управниот одбор на комуналното претпријатие „Водовод“.

Минатата година биле испорачани близу 467 илјади кубни метри геотермална вода од што е остварен приход од 15,8 милиони денари, со кои според сегашната единечна цена не можат да се покријат трошоците за црпење и дистрибуција на водата.

При претходните две барања за покачување на цената, три оранжериски комплекси од Кочани, кои геотермалната вода ја користат како топлинска енергија, најавија откажување од услугите на работната единица „Геотерма“ на „Водовод“. Новото барање за согласност е доставено до Советот на Општина Кочани, кој треба да го разгледува на седница што е закажана за в понеделник.

Може да ви се допадне

Загубите на вода во државата лани изнесувале 63,05 проценти
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Новоселани, општина Чешиново Облешево, поради неисправни канали за наводнување
Израелскиот рецепт за земјоделство: Не повеќе вода, туку повеќе знаење
Забрана за пиење вода од водоводите на повеќе охридски села
Војната во Иран го поскапе вештачкото ѓубриво, расте стравот од зголемување на цените на храната
Таг:водаКочанипоскапување
Претходен напис Времето за викендот ќе биде дождливо, на планините снег
Следен напис Зимзелена гаултерија – Шармантна декоративна грмушка со лековити плодови и освежувачки мирис на ментол
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?