Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Има иницијативи за „смарт“ земјоделство во земјава, но не доволно за поизразени социо-економски ефекти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Има иницијативи за „смарт“ земјоделство во земјава, но не доволно за поизразени социо-економски ефекти
Агровести

Има иницијативи за „смарт“ земјоделство во земјава, но не доволно за поизразени социо-економски ефекти

Објавено 09/11/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Северна Македонија е земја на информатичари и на пазарот веќе има иницијативи за примена и развој на информатичките технологии во земјоделството, но тоа не е доволно за поизразени социо-економски ефекти, истакнаа учесниците на денешната конференција за паметно земјоделство што ја организира Земјоделскиот институт – Скопје.

Конференцијата која на едно место ги собра науката, производителите, надлежните институции и студентите, го отвори прашањето како земјоделството, преку примената на информатичките технологии и новите современи бизнис модели, да стане атрактивно за младите во земјава.

Не би било паметно новите технологии да се воведуваат зашто тоа е тренд, туку за да се решаваат проблемите, беше една од пораките.

– Нема да ја отворам конференцијата со кризата, што би било веројатно очекувано во вакви услови, туку со тоа дека се обидуваме земјоделството да го направиме достапно за младите, а како? – преку информатичките технологии. Како и во секој друг сегмент од општеството, така и во секторот земјоделство, без младите нема иднина. Од исклучително значење за нас е да се најдат модели, стимулации и млади кои и онака секојдневно се окупирани и зависни од технологиите, своите интереси да ги насочат кон земјоделството, истакна директорот на Институтот, Виктор Ѓамовски.

Според министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, дигитализацијата на македонското земјоделство е еден од клучните приоритети.

– Кризата со храна што ќе го погоди светот особено по две години, ја гледаме како можност за драстична реформа во земјоделството, која меѓу другото, подразбира и негова дигитализација. Поврзување на сите програми со производството и со крајните продукти, како и елиминирање на сите нерегуларности, е суштината на промената на нашата аграрна политика, потенцира министерот.

Тој оцени дека иновативни решенија од млади луѓе има, засега најмногу во лозарството.

– Целта на сите мерки што ги преземаме е во наредните пет години да ја достигнеме бројката од 2.000 нови производители, истакна Николовски.

За тоа колку е битна координираноста меѓу науката од различните, но меѓусебно поврзани сфери, зборуваше професорот Миљан Цветковиќ од Земјоделскиот факултет во Бања Лука во БиХ. Тој укажа и дека некои од начините за привлекување на младите луѓе во земјоделството се мастер студиите за користење дронови, одржувањето хакатони (натпревари за изнаоѓање нови, иновативни решенија), организирањето виртуелни саеми, но и поврзувањата (networking).

– Многу често ние од земјоделските факултети не знаеме како можат да ни помогнат колегите од техничките факултети, а тие не знаат кои се нашите проблеми. Мислам дека интердисциплинарниот пристап е многу важен. ИКТ се многу важни за земјоделското производство, но како што би рекле во Вагенинген, Холандија, каде што е водечкиот Факултет за земјоделство, не би било паметно новите технологии да се воведуваат зашто тоа е тренд, туку за да ги решаваме проблемите, подвлече професорот.

Биљана Дрвошанова од Земјоделскиот институт се осврна на паметното оранжериско производство како начин за безбедност на храната. Таа рече дека примената на новите технологии може значително да ги намали трошоците и да ги зголеми приносите, како и да овозможи сигурност и континуитет во снабдувањето со храна. Но, од друга страна, посочи, ИТ уредите се скапи, а и висока е цената за нивното одржување.

– Предноста на паметните системи е што овозможуваат рационално користење на енергенси, односно заштеда на вода и енергија, како и ефикасна и побезбедна заштита на растенијата. Зависно од типот на уредот, се овозможува и идентификување на степенот на зрелост кај плодовите и навремена берба, далечински се контролира производството, без нужно присуство на луѓе. Се користат сензори за мониторинг на растенијата и почвата. Сензорите може да имаат најразлична примена: за следат почвената текстура, водопропусливоста на почвата, нејзината PH вредност, испарувањето на вода, гасовите, движењето низ оранжериите, се контролираат температурата, влажноста на воздухот, хлорофилот во листовите, објасни Дрвошанова.

Може да ви се допадне

УЈП ја почнува третата фаза од проектот за е-фактура
Намален бројот на работници во индустријата
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по влажни коловози
АХВ одбележува 15 години постоење
Македонско-грчки ИКТ бизнис форум во Скопје
Таг:moderno zemjodelstvo
Претходен напис Министерот Николовски упатил писмо до Собранието за побрзо усвојување на земјоделските закони
Следен напис Во напредна фаза е изградбата на кула за рана детекција на пожари во Македонска Каменица
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?