Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мусалевски: Земјоделците не треба да бидат загрижени бидејќи новиот Закон за земјоделско осигурување е во полза на земјоделците
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Мусалевски: Земјоделците не треба да бидат загрижени бидејќи новиот Закон за земјоделско осигурување е во полза на земјоделците
Агровест

Мусалевски: Земјоделците не треба да бидат загрижени бидејќи новиот Закон за земјоделско осигурување е во полза на земјоделците

Објавено 07/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во Битола минатата недела беше промовиран новиот закон за земјоделско осигурување. На трибината се презентираше новиот модел, како ќе функционира и кои ќе бидат поволностите за земјоделците. Од страна на земјоделците имаше позитивни излагања и дискусии, како и сугестии за доработување на Законот.

„Со овој нов закон ние ќе го напуштиме стариот систем на исплата на штети предвиден во Законот за заштита и спасување и ќе воспоставиме систем што ќе биде ефикасен и ќе биде под капа на државата затоа што ќе се формира земјоделски осигурителен пул, кој ќе подразбира дека целото осигурување во земјоделството ќе биде под една капа, под капата на државата, каде што од дефинирање на тарифите за полисите, до проценка и исплата на самите штети ќе биде контролирано од страна на државата.“, рече Александар Мусалевски од МЗШВ.

Како што информираа претставниците од МЗШВ, со донесувањето на овој закон, треба да се намалат бирократските процедури и исплатата за настанатите штети ќе биде извршена во текот на истата година кога е настаната штетата.

„Земјоделците не треба да бидат загрижени бидејќи овој Закон е во полза на земјоделците. Со него, сите штети што досега со стариот систем се исплаќале за 2-3 години, со новиот закон ќе се исплаќаат во тековната година кога настанала штетата“, објасни Мусалевски.

Во наредниот период претставниците од МЗШВ ќе продолжат на терен да одржуваат трибини и состаноци со земјоделците со цел да им го доближат новиот концепт на земјоделско осигурување.

„Во наредниот период ќе продолжиме со овој вид на трибини и сакаме новиот Закон за задолжително земјоделско осигурување да го доближиме до секој земјоделец, производител на земјоделски производи затоа што на Владата ѝ е битно секое воведувањето на секој нов систем да не биде еднострано само донесен од страна на Владата, туку да бидат запознаени сите земјоделци и да се уверат во она што го работиме.“, рече Мусалевски.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
Намален бројот на работниците во индустријата
Растат цените на нафтата на светските берзи
Спреј од лук и бибер – Најлесниот рецепт за контрола на инсекти
Официјално се означи почетокот на проектот „Имплементација на мерките за организација и уредување на земјоделските пазари“
Таг:Александар Мусалевскиземјоделско осигурување
Претходен напис (ВИДЕО) Автоматизирана берба во оранжериите – „Automato Robotics“, иновација во земјоделството
Следен напис Водата во Скопје исправна за пиење
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?