Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Трибина за Законот за задолжително земјоделско осигурување
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > Трибина за Законот за задолжително земјоделско осигурување
Агросектор

Трибина за Законот за задолжително земјоделско осигурување

Објавено 02/11/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Вчера во Центарот за култура во Битола се одржа трибина на која претставници од МЗШВ одговараа на прашањата на земјоделците во врска со задолжителното земјоделско осигурување.

На трибината беше потенцирано дека задолжителното земјоделско осигурување ќе има за цел да бидат осигурени сите земјоделци и ќе биде еден од условите за исплата на субвенциите.

Висината на полисите ќе ја утврдува државата и со нив ќе се опфатат повеќе ризици од што опфаќаат досегашните полиси. Беше објаснето дека осигурителните компании веќе нема да можат да нудат осигурителни полиси за земјоделците, а обесштетувањето ќе се врши само преку Пулот за земјоделско осигурување.

Како што информираа претставниците од МЗШВ, со донесувањето на овој закон, треба да се намалат бирократските процедури и исплатата за настанатите штети ќе биде извршена во текот на истата година кога е настаната штетата.

Александар Мусалевски од МЗШВ нагласи дека земјоделците не треба да бидат загрижени бидејќи овој Закон е во полза на земјоделците. Со него, сите штети што досега со стариот систем се исплаќале за 2-3 години, со новиот закон ќе се исплаќаат во тековната година кога настанала штетата, објасни Мусалевски.

Од страна на земјоделците имаше позитивни излагања и дискусии, како и сугестии за доработување на Законот.

Во наредниот период претставниците од МЗШВ ќе продолжат на терен да одржуваат трибини и состаноци со земјоделците со цел да им го доближат новиот концепт на земјоделско осигурување.




Климатските промени треба сериозно да се сфатат од земјоделците не само од МЗШВ и токму затоа и пораката на кампањата е – Нема компромис со климатските промени – твоја одговорност е да го заштитиш сопственото производство и добиток.
 

Може да ви се допадне

БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
Коњановски: Битола и Пустец ја продлабочуваат соработката преку заеднички проекти
Таг:Александар Мусалевскибитолазадолжително земјоделско осигурувањеземјоделско осигурувањеПул
Претходен напис Хемиски неисправна водата за пиење во виничките села Трсино, Трстија и Крушево
Следен напис Рекорден и до сега најголем Буџет во земјоделството: За 2023 близу 9 милијарди денари, средства наменети за земјоделците
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?