Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Месната индустрија и фармите на кои се одгледуваат животни чекаат поддршка од Владата за субвенционирана струја
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Месната индустрија и фармите на кои се одгледуваат животни чекаат поддршка од Владата за субвенционирана струја
Агровести

Месната индустрија и фармите на кои се одгледуваат животни чекаат поддршка од Владата за субвенционирана струја

Објавено 28/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По најавите на Министерството за економија за поддршка на прехранбениот сектор и компаниите од месната индустрија и фармите одгледувачи на животни очекуваат да бидат вклучени во тој пакет. При посетите на „Екстра Меин“, „Агрија“, земјоделската задруга „Единство“- Челопек, „Везе шари“ и ДПТ„Лецкер“ од страна на Кризниот штаб, формиран од Стопанската комора на Северна Македонија, заеднички став на овие компании е дека и тие треба да добијат субвенционирана струја, за да обезбедат опстанок на бизнисот во услови на енергетска криза.

-Во разговорите со претставниците на Кризниот штаб раководствата на овие компании, кои произведуваат исто така основни прехранбени производи (месо и месни производи), потенцираа дека цената на струјата што ќе ја обезбеди Владата, според најавите, ќе биде помала од 100 евра за мегават час, што е двојно пониска од цената на регулираниот пазар. Тоа за нив ќе значи не само опстанок на компаниите, туку и намалување на продажните цени на нивните производи и нивна поголема конкурентност. Сето тоа ќе придонесе за зачувување на економската активност во државата, како и одржување на животниот стандард на населението, соопшти Стопанската комора. Во однос на моменталната состојба, информираа дека сметките за струја сега се и до десет пати повисоки во однос на истите месеци минатата година. Паралелно со тоа во постојан пораст се и цените на амбалажите и суровинската база. Одгледувачите на животни, пак, укажуваат дека ова е најлошата година од почетокот на нивното работење. Сточната храна веќе е поскапена за 70 проценти, бележат екстремен раст на транспортните трошоци и на сметките за струја. Сето ова го доведува во прашање опстанокот на овие бизниси.

-Од страна на Кризниот штаб беше нагласено дека Комората останува доследна на својата определба да им помогне на компаниите на слободниот пазар на електрична енергија. И понатаму ќе биде во дневен контакт со нив, ќе предлага решенија и ќе биде проактивна и кооперативна со цел да се дојде до решение бидејќи тоа е во интерес не само на бизнисот туку и на самата држава, информира комората.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:дтрујамесна индустријаструјасубвенционирана струјафарми
Претходен напис Дали би платиле 1.000 долари за еден грозд? Зошто грозјето Ruby Roman е толку скапо?
Следен напис ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапува за два денари
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?