Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Зошто семејството на Новак Ѓоковиќ го одбра токму ова село за своите лозја? Во првата берба во продажба биле пуштени околу 8.500 шишиња, а капацитетот на винаријата е околу 60.000 литри
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Зошто семејството на Новак Ѓоковиќ го одбра токму ова село за своите лозја? Во првата берба во продажба биле пуштени околу 8.500 шишиња, а капацитетот на винаријата е околу 60.000 литри
Магазин

Зошто семејството на Новак Ѓоковиќ го одбра токму ова село за своите лозја? Во првата берба во продажба биле пуштени околу 8.500 шишиња, а капацитетот на винаријата е околу 60.000 литри

Објавено 25/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Семејството на познатиот српски тенисер Новак Ѓоковиќ одлучило да ги засади лозовите насафи во селото во срцето на Србија, Липовац во близина на Топола.

Добрата клима, големиот број сончеви часови и специфичната ружа на ветрови го прават грозјето исклучително слатко, па на ова место се прават најквалитетните вина во Србија, наведува РИНА.

Во ова село секоја втора куќа се занимава со лозарство. Она што е забележливо е дека се повеќе млади луѓе се свртуваат кон овој бизнис, па селото иако мало, има дури десет винарии.

-На четири хектари ни се протегаат лозовите насади. Се одлучивме за традиционално производство на вино, како што тоа го правеше и мојот прадедо. Малага е сорта која дава вино со исклучителна арома, мускатно. Наша цел е да произведеме што повеќе од него и да биде посебен печат на нашата винарија. Покрај Малага, доста е застапено и Шардоне, кој е крал на сортите за белите вина, потоа Вранец, Каберне и Прокупац кога се во прашање црвените, а неизбежниот сочен хамбург за розе – вели Немања Петровиќ, лозар.

Жителите на ова село истакнуваат дека овој регион со право се нарекува српска Тоскана и дека не треба да чуди што дури и семејството Ѓоковиќ го избрале за своите лозја. Традицијата за правење вино овде се пренесува од колено на колено, а често и помладите членови на семејството можат да се видат на работа во текот на сезоната. Уште од мали нозе учат дека работата во лозјето може да биде тешка, но и многу убава. Секое семејство има своја тајна во правењето вино.

-Виното треба да биде пријатно и освежително, да има пријатен мирис, а најдобро е она што е одлежано во бочва. Некои од нашите вина се чуваат во подрум, а некои во ладилник, во зависност од сортата. Младите во нашето село ги препознаа потенцијалот и шансата во лозарството, па се повеќе од нив се одлучуваат да се впуштат во производство, што се гледа и по бројот на винарии во Липовац. Најважно е да останете верни на традицијата, да не се споредувате со другите, бидејќи вината од Топола имаат своја специфичност, што отвора врата за многу пазари. Засега нашата винарија е мала, нема ни име, но сите што го пробаа локалното вино беа воодушевени – вели младиот лозар Немања.

Вината Ѓоковиќ Шардоне 2020 од винаријата Ѓоковиќ се со прецизна сортна арома, со многу зрели плодови, диња, круша и манго и Ѓоковиќ Шира 2020 – со арома на црно овошје и со малку цветни тонови.

Лозовите насади на семејството Ѓоковиќ зафаќаат шест хектари, од кои три се бели сорти, а три црни.

Во првата берба во продажба биле пуштени околу 8.500 шишиња, а капацитетот на винаријата е околу 60.000 литри.

Може да ви се допадне

Летен пинџур
Volkswagen „вработи“ 100 овци за необична мисија во соларен парк
Домашен сок од вишни
Салата со пилешко
Пиперки полнети со урда
Таг:винаријанивак ѓоковиќ
Претходен напис Од полноќ поевтинуваат горивата
Следен напис Времето денеска сончево со слаб ветер
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?