Минатата недела Русија извезла околу 910.000 тони житарки. Земјоделците посеаја зимски култури на 13,8 милиони хектари, што е помалку од лани во исто време кога беа засеани 14,6 милиони хектари. Намалување на површината во зима се очекува во централните региони поради неодамнешните обилни дождови. Цените на руската пченица паднаа поради проблеми со извозот.
Загриженост предизвикуваат и големите поплави во Австралија во времето кога се ближи жетвата.
Приносот на житарки во Аргентина ќе биде намален поради последиците од постојаната суша и ниските температури кои се одразија на претстојната реколта.
Берзата на житарки во Буенос Аирес предвидува жетва на пченица од само 16,5 милиони тони, што е за речиси 6 отсто помалку од претходната прогноза од 17,5 милиони тони. Во 2021 година таа достигна рекордни 23 милиони тони.
Сувите услови негативно се одразуваат на сеидбата на зимската пченица во САД и пченката во Аргентина, што создава дополнителен притисок врз цените.
