Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Министерот Николовски учествуваше на четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022 во Охрид
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Министерот Николовски учествуваше на четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022 во Охрид
Саеми и манифестации

Министерот Николовски учествуваше на четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022 во Охрид

Објавено 12/10/2022
Сподели
7 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Денеска, во Охрид се одржа четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022, во организација на Факултетот за земјоделски науки и храна- Скопје (ФЗНХ).

Министерот Николовски имаше поздравно обраќање пред присутните гости кои ја претставуваа академската фела од земјите од регионот но и од европските, азиските и прекуокеанските држави.

„Драго ми е што на оваа тема деновиве ќе дискутираат најкомпетентите луѓе, оние кои „знаат како“, оние кои имаат желба да применуваат во пракса и ние како надлежно министерство, кое има обврска да креира политики и мерки врз основа на вакви темелни и сеопфатни дискусии. За жал, повторно на светот му се случува нова криза после ковид пандемијата. И повторно на најтежок начин сваќаме колку е значаен земјоделскиот сектор. Глобалната криза со храна, го става земјоделскиот сектор на врвот на приоритетите на сите светски влади, бидејќи глобалната криза бара глобален одговор“ рече Николовски.

Министерството за земјоделство уште пред почетокот на оваа криза, подготви Национален план за производство на храна, кој содржи мерки и политики за стабилизирање на домашното производство, помош во намалување на трошоците и зголемување на производство на храна. Распишавме 7 јавни огласи, со кои ставивме на располагање нови, над 13 000 хектари земјоделско земјиште за обработка на житни култури, сточна храна и подигнување на долгогодишни насади. Овие огласи предизвикаа рекорден интерес кај земјодлеците. Само за наменскиот оглас за закуп на земјиште за обработка на житни култури склучивме 258 договори во 14 региони низ државата. Во рамките на Националниот план за храна, креиравме и Интервентен фонд, по што сме единствени во регионот со ваков вид на поддршка, насочена кон она што во моментот беше најпотребно, за спас на домашното производство пред налетот на високите цени за вештачки ѓубрива и репроматеријали.

„Водени од успехот, соработката и интересот кој го покажаа земјоделците, продолживме да креираме нови идеи и повторно да носиме храбри одлуки кои целосно ќе го реконструираат секторот, а тоа е новиот модел на субвенциионирање по примерот на развиените европски држави. Светската криза за обезбеденост со храна, не поттикна сите да размислуваме дали навистина имаме стратегија за производство, што е она што навистина треба да се произведува, а уште повеќе што е она што треба финансиски да се субвенционира од државата“ потенцираше Николовски и дополни дека Министерството за земјоделство, во консултација со земјоделците, подсекторските групи и факултетите, донесе одлука за промена на досегашниот модел на субвенционирање, со цел да се стави фокус на стратешкото производство, како и поддршка за лозарството, градинарството и сточарството и поддршка за зголемен рурален развој.

Ние веќе од оваа година започнуваме со примена на европскиот decoupling модел, кој претставува прогресивна ЕУ политика. Го напуштаме стариот модел на субвенционирање според обработлива површина, без земјоделците да прикажат дали оствариле производство и колку. Сега фокусот го ставаме на произведена количина, пришто целокупното производство мора да биде предадено во домашни капацитети. При тоа, земјоделците ќе треба да прикажат принос по хектар и доказ дека производството е предадено кај регистрирани откупувачи, трговци и преработувачи, или пак го користат за сопствени потреби, доколку се регистрирани за продажба од куќен праг, преку системот на АХВ. Со ваквата контрола, дали и каде е предадена произведената количина, се ставаат во систем сите, и производители и трговци, откупувачи и преработувачи, со што се намалува протокот на готовинско плаќање и сива економија, се зголемува обемот на контрола, се овозможува брза исплата и се постигнува крајната цел – повеќе домашна храна.

Новиот модел на субвенционирање цели кон градење на стратешки пристап за поттикнување на економскиот раст и зголемување на продуктивноста во земјата, преку градење на долгорочна сигурност во однос на обезбедувањето на храна и модернизирање на земјоделскиот сектор, во функција на зголемување на продуктивноста, како еден од четирите приоритети на Рамката за развој МКД 2030.

Новиот модел за субвенционирање дава решение за сите констатирани слабости. Тој ќе овозможи брза исплата на субвенциите со фокус на стратешките култури и за нив е предвидена поголема поддршка.

„Да појаснам, сите земјоделци ќе продолжат да добиваат основна субвенција за да можат и понатаму да произведуваат, а исплатата ќе биде за реколтата од тековна година. Со тоа ќе постигнеме редовна и брза исплата која ќе се завршува во една календарска година и нема да генерира долгови. Она што е новитет е дека дополнителни субвенции повеќе нема да има за сите, туку само за стратешките култури. Всушност, тоа е значењето на decoupling моделот, да се одвои и приоритизира стратешки важното производство од другото земјоделско производство кое има значаен економски импакт, но не е од стратешки интерс за државата“ појасни министерот Николовски.

Освен новиот модел за субвенционирање, воведуваме и нови програми со кои го јакнеме руралниот развој, па така Програмата за рурален развој ќе добие нова димензија и ќе прерасне во инвестициска програма во која воведуваме многу нови мерки и целосно ја ставаме на располагање на малите земјоделци, додека за оние поголемите стопанства, на располагање се мерките од ИПАРД програмата. Ние сме лидери во регионот по искористеност на средствата од ИПАРД и со исто темпо продилжуваме и со ИПАРД 3. Европската комисија ја зголеми поддршката за Севрна Македонија од 60 на 90 милиони евра и сега вкупно на располагање имаме 210 милиони евра, кои ќе бидат директно инвестирани во агросекторот.

Министерот Николовски упати благодарност до деканот на ФЗНХ, Вјакослав Танасковиќ за организацијата на еден ваков симпозиум, кој се одржува во момент кога светска топ тема е производството на храна и искажа задоволство за одржувањето на уште едно успешно издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022.

Може да ви се допадне

Директорот на Царина Николовски: Со месеци работиме на истрага за акцизна стока – нешто на што досега било незамисливо да се работи
Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Николовски: Годинава поднесени 174 кривични пријави, три пати повеќе споредбено со лани
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Таг:ISAF 2022Николовски
Претходен напис Бочварски: Ако изборот на консултант за Коридорите 8 и 10 биде успешен, догодина ќе почне работата на терен
Следен напис Нобеловецот Рикардо Валентини со порака, примената на современа технологија може да ги намали проблемите со климатските промени. Тоа веќе се практикува во Италија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?