Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бочварски: Ако изборот на консултант за Коридорите 8 и 10 биде успешен, догодина ќе почне работата на терен
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Рурален Развој > Бочварски: Ако изборот на консултант за Коридорите 8 и 10 биде успешен, догодина ќе почне работата на терен
Рурален Развој

Бочварски: Ако изборот на консултант за Коридорите 8 и 10 биде успешен, догодина ќе почне работата на терен

Објавено 12/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Постапката за избор на надзор и консултант за Коридорите 10 и 8 е во тек, а по нејзино затворање, Јавното претпријатие за државни патишта ќе ја информира Владата за тоа колку компании се во игра да го добијат тендерот, информира денеска министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.

Министерот Бочварски појасни дека доколку постапката е успешна, тогаш ќе почне фазата на преговори помеѓу консултантската куќа и компанијата „Бехтел и Енка“, после што ќе се влезе во постапка за реализација на овие автопатски делници.

Прашан на која делница прво ќе се работи, Бочварски рече дека прво треба да се избере консултантската куќа и да се влезе во преговори, но според него доколку на делницата од Гостивар кон Кичево нема многу земјиште кое е приватно, таму треба да се оди со побрзо отпочнување на градежните работи.

– Делницата од Гостивар кон Кичево ќе оди по сосема нов терен и сметам дека таму ќе имаме можност доколку нема многу земјиште коешто е приватно, да се оди со побрзо стартување на градежните работи. Исто така, и за делниците Прилеп – Битола и Тетово – Гостивар. Важно е да се решат имотно-правните прашања се со цел градежните работи да поминуваат непречено, рече Бочварски.

Инаку, на повторената постапка за избор на надзор и консултант за автопатите што ќе ги гради конзорциумот „Бехтел и Енка“ ќе може да се доставуваат понуди до 17-ти октомври, а по 30 дена ќе се избира најповолниот понудувач.

– Огласот за Јавната набавка за Надзор и правен трансакциски советник за изградба на Коридор 8 и Коридор 10 Д е објавен на 15.9.2022 година и доставувањето на понудите е најдоцна до 17.10.2022 година во 11:00 часот, по што ќе се одржи јавното отворање на понудите во Јавното претпријатие за државни патишта. По отворањето на понудите ќе следува период од 30 дена за евалуација и избор на најповолен понудувач. Целата постапка, нагласуваат оттаму, се одвива согласно со Закон за јавни набавки и роковите предвидени со нив, информираа за МИА од ЈПДП.

Како што изјави претходно министерот Бочварски, по заокружувањето на новата постапка за избор на надзор и консултант за автопатите, се очекува подготвителните работи да завршат до крајот на годината, а по проектирањето и експропријацијата во текот на следната година да има работа на терен.

Со огласот на ЈПДП се избира консултант и надзор што ќе ја следи градбата на автопатските делници Тетово – Гостивар, Гостивар – Кичево и Требениште – Струга – Ќафасан на Коридорот 8, како и Битола – Прилеп на Коридорот 10 Д од страна на конзорцоумот „Бехтел и Енка“.

Првиот тендер за избор на надзор за овој проект пропадна откако избраната компанија не ја достави банкарската гаранција.

Може да ви се допадне

Пловечка платформа на вода или фиксна конструкција на суво – два концепти за довршување на пешачката патека во Дојран
Рурални жени од Преспа: Малини во Преспа – нов почеток!
Хоџа најави инвестиција од 200 милиони денари: Арачиново добива нова инфраструктура
Колев: Влезот во село Караслари ќе се реконструира!
РСЕ: Како лекарите да се вратат во селата?
Таг:благој бочварскикоридор 10коридор 8
Претходен напис Дизелот од полноќ ќе се продава по цена од 103,50 денари за литар
Следен напис Министерот Николовски учествуваше на четвртото издание на Симпозиумот за земјоделство и храна ISAF 2022 во Охрид
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?