Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мехмед Оџов од пехчевското село Црник има необично хоби – Одгледува јастреби од две различни сорти
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Магазин > Мехмед Оџов од пехчевското село Црник има необично хоби – Одгледува јастреби од две различни сорти
Магазин

Мехмед Оџов од пехчевското село Црник има необично хоби – Одгледува јастреби од две различни сорти

Објавено 11/10/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Дваесет и четиригодишниот Мехмед Оџов од пехчевското село Црник е еден од ретките луѓе во Пијанечко-малешевскиот Регион што се занимава со соколарство. За оваа негова пасија, упатените веќе добро се запознаени од неговите видеа кои редовно ги споделува на социјалните мрежи.

Оџов моментално одгледува јастреби од две различни сорти и за нив вели дека, иако се грабливци, се од голема важност за човекот и природата.

– Чувам два јастреби од сортата глувчари и еден јастреб од сортата кокошкар. Малите глувчари ги чувам од бебиња, дојде време кога требаше едното да го пуштам и по 10 дена тоа се врати дома, вели тој.

За себе Мехмед вели дека е дете на природата, а за јастребите дознал преку видео кое му го пратил негов другар, по што почнал да истражува за нив и дознал дека постои соколарство и почнал да учи за соколарството.

– Јастребите се птици грабливки и можат да нанесат сериозни повреди ако немаш соодветна опрема. Сите птици грабливки се заштитени со закон и се забранети за убивање и заробеништво, ако за птицата немате документи и не е одгледана во фарма, нагласува младиот жител на Црник.

Оџов јастребите ги храни со пилци, петли и глувци, кои сам ги набавува.

– Кога не сум дома, мора да има некој да ги нахрани навреме за да не умрат. За одгледување е потребна доста голема волја, но и голема хигиена, додава младиот соколар.
Не го повредиле никогаш, но додава дека јастребот има карактер на грабливец и никогаш не може да биде домашен миленик.

– Таква им е природата на јастребите. За да се земе јастреб, треба да се учи за соколарство и птиците се доста скапи со документи и доста голем процес е тоа. Сериозно треба да се земе предвид дека тоа не е шега. Исто така и дресирањето не е едноставно, потребно е време, посочува Оџов.

Оџов истакнува дека јастребите не се плашат од луѓето, но тие ги убиваат без да им прават штета. Човекот е најголем непријател за нив, а моја препорака до сите ваши читатели е никогаш да не убиваат птица грабливка, макар убила кокошка или гулаб. Додава дека тие се многу значајни за нас и природата.

Лично не правел пресметка колку го чини одгледувањето на овие птици, но вели дека средствата ниту се многу, ниту малку.

– Според мене, соколарството е начин на живот, тоа е традиција која бара многу време, тука е одгледување на птицата, тренингот, ловот и поврзаноста со птицата. Според некои, тоа е хоби, според некои, тоа е начин на живот и не е толку едноставно да се објасни, бидејќи и јас сум почетник, вели Мехмед.

Тој е постојано со птиците, неговите најблиски се навикнале на оваа негова пасија, немаат ништо против тоа, туку напротив, му помагаат кога треба да се исчисти или за каква било друга помош.

Неодамна успеал да спаси повреден јастреб кој сега го чува. Птицата сега, како што додава, е во фаза на митарење и малку е вознемирена, бидејќи ги менува пердувите.

Може да ви се допадне

Пет хрватски плажи рангирани меѓу 50 најубави во Европа за 2026
Печен омлет со тиквички, пиперки и домати
Освежителна зеленчукова салата со тестенини
Денеска е Духовден – Света Троица, празникот што се смета за роденден на христијанската црква
(РЕЦЕПТ) Лосос од рерна
Таг:јастребипехчевосоколарство
Претходен напис Продолжената сезона им донесе солидна заработувачка на печуркарите од Пијанечкиот регион
Следен напис Изминатава недела три нови случаи на африканска чума во Кумановско
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?