Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Исплатени 89,4 милиони денари на 5.851 млекопроизводители за произведено и предадено млеко во јуни и јули 2021 година
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Исплатени 89,4 милиони денари на 5.851 млекопроизводители за произведено и предадено млеко во јуни и јули 2021 година
Субвенции

Исплатени 89,4 милиони денари на 5.851 млекопроизводители за произведено и предадено млеко во јуни и јули 2021 година

Објавено 07/10/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги известува млекопроизводителите дека Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој – АФПЗРР ја реализираше исплатата кон млекопроизводителите за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко за периодот јуни и јули 2021 година.

Според пријавените предадени количини од страна на регистрираните преработувачки капацитети исплатени се вкупно 89.455.245 денари до 5.851 млекопроизводител.

Како корисници на оваа мерка се јавуваат земјоделските стопанства регистрирани како одгледувачи на говеда, овци и кози во Регистарот на одгледувалишта. Висината на директните плаќања изнесува 3,5 денари по литар произведено и предадено кравјо млеко и 4,5 денари по литар за произведено и предадено овчо и козјо млеко во преработувачки капацитети запишани во регистарот на откупувачи на земјоделски производи.

Агенцијата за финасиска поддршка во земјоделството и руралниот развој во изминатиов период изврши исплата кон млекопроизводителите за произведено и предадено млеко за периодот јануари-февруари и март-мај 2021 година. Во наредниот период следува и реализацијата на исплатата за периодот август и септември 2021 година.

Поддршка за млекопроиводителите во висина од 140 милиони денари обезбедивме и со дополнителната мерка во Интервентната програма за поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко во домашни капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година.

Преку оваа интервентна мерка ги помагаме млекопроизводителите во намалување на трошоците при производство, кој се јавуваат како резултат на светската криза со поскапувањето на репроматеријалите и сточната храна.

Како министерство одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на земјоделците, да имаат помали трошоци, стабилно и квалитетно зголемено домашно производство.

Може да ви се допадне

Европското јавно обвинителство покрена обвинение против четворица грчки пратеници за скандал поврзан со субвенции од ЕУ
Хоџа во Собранието: По усвојувањето на ребалансот започнува исплатата на субвенциите, апликациите за 2026 година наскоро ќе бидат отворени
(ВИДЕО) Протест на земјоделците од Пелагонија: Субвенции нема, откупот закочен, очекуваат поддршка од државата
Соопштение: Подготвителни активности за отпочнување на процесот за успешно поднесување на барања за субвенции
ИСПЛАТЕНИ СУБВЕНЦИИ ЗА ТУТУН: На 15 144 тутунари, исплатени 2 028 714 243 денари
Таг:млекопроизвоствосубвенции
Претходен напис Целосно изгорела плевна во село Бошава, сточарско семејство останало без простор за кравите
Следен напис Превкусна зимница: Печени пиперки со лукче и магдонос
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?