Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Над 3.500 битолски земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Над 3.500 битолски земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта
АгровестиФондови

Над 3.500 битолски земјоделци ќе добијат картички за зелена нафта

Објавено 06/10/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Картичките за зелена нафта се пристигнати во подрачната единица на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во Битола.
Земјоделците кои имаат право да ја користат финансиската помош од оваа мерка од петок 07 октомври 2022 година секој работен ден ќе можат да си ги подигнат своите картички во просториите на подрачната единица во Битола.
Финансиската поддршка на картичката за нафта зависи од големината на површините и земјоделските култури за кои аплицирале земјоделците за субвенции во 2021 година.
За пченица, јачмен, пченка, ‘рж, овес, ориз, тритикале, хељда, сирак и просо поддршката изнесува 1.413 денари по хектар.
За хмељ, лен, леќа, кикирики, соја, сончоглед, маслодајна репка, добиточна репка, афион, шеќерна репка, памук, граор, еспарзета, добиточен грашок и наут (слануток) и луцерка поддршката изнесува 2.119 денари по хектар.
За домати, пипер, лубеница, диња, тиква, грав, боранија, грашок, рукола, компир, краставици, корнишони, зелка, кељ, кромид, лук, праз, тиквички, зелена салата, брокула, спанаќ, карфиол, модар патлиџан, морков, целер, цвекло, пашканат, аспарагус, ротквици, цвеќе, култивирани лековити, ароматични и зачински растенија како и за лозови насади поддршката изнесува 4.238 денатри по хектар.
За јаболко, круша, слива, праска, вишна, кајсија, цреша, јагода на отворено, малина, капина и боровинка поддршката изнесува 5.273 денари по хектар.
За дуња, мушмула, актинидија, маслинка, калинка, јапонско јаболко, смоква, аронија, шип, рибизла, гоџи бери, бадем и лешник поддршката изнесува 3.766 денари по хектар
За ореви и питоми костени поддршката изнесува 2.636 денари по хектар.

Со оваа мерка во овој момент во Пелагонискиот регион од трите општини – Битола, Могила и Новаци корисници се над 3 500 земјоделци. Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство информира дека картичките за зелена нафта се пристигнати во подрачната единица на министерството во Битола и од утре над 3.500 земјоделци непречено ќе може да ги подигнуваат.

Со оваа мерка во овој момент во Пелагонискиот регион од трите општини Битола, Могила и Новаци корисници се над 3 500 земјоделци, посочија од ПЕ на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:битолаземјоделци
Претходен напис Николовски: Преку потпишувањето на Договорот за слободна трговија овозможуваме слободен и бесцарински извоз на нашите земјоделски производи во Украина
Следен напис Практична обука/работилница: Извозот на македонските мали и средни претпријатија од прехранбената индустрија во услови на глобална економска криза – опасности, предизвици и решенија
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?