Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Никица Бачовски: Исплатата на зелената нафта е навремена за есенската сеидба
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Никица Бачовски: Исплатата на зелената нафта е навремена за есенската сеидба
АгровестиСубвенции

Никица Бачовски: Исплатата на зелената нафта е навремена за есенската сеидба

Објавено 30/09/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Со симболично доделување на картичките за „зелена нафта“ на земјоделци во прилепските села Мало Коњари и Кадино Село, официјално започна исплатата на средствата за зелена нафта.

За блиузу 50 000 земјоделци во земјава, од кои 1 600 во Прилепско, се одвоени вкупно околу 250 милиона денари. Никица Бачовски, директор на Агенција за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој вели дека испалата е навремена за есенската сеидба. Со ова и со исплата на субвенцвиите за млекото, наскоро и за градинарските култури, се заокружуваат големите обврски за земјоделците за 2021 година.

-Официјално денеска може да најавиме дека почна распределбата на популарната „зелена нафта“. Во прилепскиот регион се 1 600 корисници за кои се обезбедени 10,7 милиона денари. Ги повикувам сите земјоделци од понеделник да си ги подигнат картичките од Подрачната единица на Министерството за земјоделство. На ниво на државата се близу 50 000 земјоделци, корисници на оваа мерка, а за оваа субвенција која е 50 отсто од трошоците за гориво што ги имаат земјоделците се обезбедени над 250 милиона денари. Оваа неколкугодишна мерка е одличен механизам за покривање на влезните импути во земјоделството преку користењето на горивото за земјоделските работи. Деновиве започнавме со серија исплати за млекото и млечните производи. Беа исплатени од јануари до мај 2021, од наредната недела се и субвенциите за јуни и јули, а ќе останат август и септември за да ги финализираме сите три фази од 2021 година. За Прилепскиот регион се битни за градинарските култури. Исплатата ќе биде во текот на октомври и станува збор за дополнителните три денари за количествата кои се носат во откупните и преработувачките капацитети, изјави Бачовски. Фокусот сега ќе биде на мерките од интервентниот фонд за кој се обезбедени 500 милиони денари со ребалансот на буџетот. Тоа ќе донесе исплати и од оваа година.

– Годинава за првпат почна имплементацијата на интервентниот фонд во кој има многу нови мерки, меѓу кои, порај субвенциите за вештачкото ѓубриво се и дополнителните субвенции за предадена зелка, слива, дополнителен денар за млекото и имаме обврска до крајот на годинава да се исплатат. Интервентниот фонд ветува брза исплата, а земјоделците не се оптоварени со документација, објаснува Бачовски. Директорот на Платежната агенција ја најави и новата мерка – авансна исплата за овоштарите. Тоа е пилот проект кој почна годинава. Во ноември се очекува исплатата на 30 отсто на сите кои аплицираа во август годинава.

Зоран Пачешкоски, раководител на Подрачната единица на Министерството за земјоделство од Прилеп вели дека за 30 отсто ќе се зголемат површините со житни култури. Кон тоа е и големиот интерес на прилепските земјоделци за државно земјоделско земјиште.

– За есенската сеидба во Прилепско ќе бидат ставени во функција дополнителни 2 600 хектари за што се потпишани договори со над 300 земјоделци за земање под концесија на државно земјоделско земјиште. Стимулираме житни култури, со зелена нафта и затоа очекуваме зголемени површини за 30 насто под житни култури. Беа 6 000 – 7 000, годинава очекуваме со житни култури да бидат над 10 000 хектари, вели Пачешкоски.

Ѕвонко Ристески, земјоделец од прилепското село Мало Коњари кој ја доби картичката за „зелена нафта“ има 25 хектари со култури, од кои 15 со житни, 2,5 хектари со пченка, има тутун. Се согласува дека субвенциите помагаат многу, а може да се зголемат површините ако има добри откупни цени на производите. Признава дека чува 30 тони пченица и чека подобра цена.

– Добро е со субвенциите. Пак ќе имам жито на 15 хектари. Може да се зголемат површините со култури, ако е добра цената…, вели Ристески.

Може да ви се допадне

Евроамбасадорот Рокас во посета на општина Гостивар, меѓу темите можностите за аплицирање за европската програма ЛАЈФ
Водата за пиење во Скопје е безбедна и со добар квалитет
Божиновска: Градиме почиста, позелена и попросперитетна иднина за Македонија
Два активни и еден изгаснат пожар до 14 часот
МЗШВ: Известување до јавноста
Таг:зелена нафта
Претходен напис Бачовски: Започнува распределбата на картичките за зелена нафта
Следен напис (ФОТО ГАЛЕРИЈА) Агротим на „Органска трпеза“ и „АГРО МАК 2022“ во Куманово – Погледнете дел од атмосферата и од разновидната понуда
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?