Денеска од прилепскиот регион во придружба на раководителот на ПЕ при МЗШВ Зоран Пачешкоски ги започнуваме активностите со распределба на „зелените картички“.
Над 1.600 земјоделци од Прилеп и прилепско ќе добијат картички со субвенционирана нафта во вредност од 10.7 милиони денари.
Корисници на оваа мерка се близу 50.000 земјоделски стопанства за кои Владата и МЗШВ преку АФПЗРР обезбедија 250 милиони денари.
Од следната недела и во текот на цел месец октомври ќе продолжи распределбата и по останатите подрачни единици.
Оваа мерка вредна над 4 милиони евра е одличен механизам за намалување на влезните трошоци на земјоделците за обработување на нивните земјоделски површини.
