Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Ковачевски: Мерките на Владата даваат резултат, го зголемуваме домашното производство на храна
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Субвенции > Ковачевски: Мерките на Владата даваат резултат, го зголемуваме домашното производство на храна
Субвенции

Ковачевски: Мерките на Владата даваат резултат, го зголемуваме домашното производство на храна

Објавено 29/09/2022
Сподели
5 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Премиерот Димитар Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Собранието, соопшти дека даваат резултати мерките на Владата со цел зголемување на производството на основните земјоделски производи.

„Со цел да го зголемиме производството на храна во државата, веќе донесовме одлука за доделување државно земјиште заради зголемено производство на пченка, пченица, јачмен, значи стратешки култури. Над 15 илјади хектари се доделени, имаше голем интерес на аукцијата за доделување земјоделско земјиште. Инвестиравме во зголемени субвенции преку интервентниот фонд, којшто прво беше 400 милиони денари, го зголемивме за уште пет милиони и сега е 900 милиони денари, во однос на производството стратешки земјоделски производи. Веќе производството на сончоглед е дуплирано и така ќе продолжиме“, порача премиерот Ковачевски.

Претседателот на Владата, Ковачевски, рече дека е во тек и промена во делот на субвенционирањето, со цел заштита на вистинските земјоделци и зголемување на производството на храна во државата.

„Започната е јавна расправа за менување на системот на субвенции, бидејки актуелниот систем, низ годините се покажува дека не резултира со зголемено производство. Сега со експерти и од искуствата на ЕУ, со академската заедница и Агро Советот се отпочнати консултациите за т.н. де каплинг на субвенциите. Субвенција не може да биде само по површина, туку мора да постои и контрола со авионски снимања, дали таму се одвива земјоделско производство. Акцент ќе биде ставен на испорачување на земјоделски производи во домашни преработувачки капацитети. Нивото на принос, кога ќе се инвестираат субвенции, коишто ги плаќаат сите граѓани преку даноците e да има на крајот зголемено производство на земјоделски производи и зголемено производство на финална храна во државата. Тоа е процес којшто ќе се води во наредниот период и којшто ќе финишира со нов систем на субвенции од коишто најзадоволни ќе бидат вистинските земјоделци“, оцени премиерот Ковачевски.

Тој додаде и дека ние имаме земјоделски култури коишто се извозно ориентирани и во таа насока се посветува внимание на лозарите и винопроизводителите. Договорена е просечна цена на откуп на смедеревката и на вранецот како најдоминантни сорти во државата, да биде на повисоко ново од минатата година и дополнително два денари за откуп на сите килограми грозје откупено од винариите. Исто така премиерот Ковачевски посочи дека во 2017 година е наследен огромен износ на неисплатени субвенции.

„Оваа година, во најкризната 2022 година сите заостанати субвенции ќе бидат исплатени“, нагласи премиерот Ковачевски.

Тој додаде дека Владата е во контакт и со млекопроизводителите и со оризопроизводителите, за надминување на предизвиците во овие области, дека се исплаќаат штети кон граѓаните од поплавите, а за дел од производството за јаболка, што не може да бидат извезени кон Украина и Русија, е договорено да оди како ужина на децата во училиштата. Тој ја објасни актуелната ситуација во светот, којшто поради војната во Украина се соочува со недостиг на храна и енергенси и рече дека зголемените цени на производите се резултат на недостатокот на енергенси на светско ниво, како и поради отежнатиот извоз, како на пример потешкотиите да се изнесе житото од Украина. Исто така предочи дека недостатокот на гас се одразува на производството на вештачко ѓубриво, а со тоа и на неговата цена. Поради сето ова, огромен е предизвикот кај сите држави во светот, како околу покачувањата на цените на храната, така и во делот на обезбедувањето храна.

„Секој мора да учествува во справувањето со оваа криза. Нема овде херои, во една војна којашто се води на европскиот континент. Никој не може да каже дека следната година цената на храната ќе биде помала. Тој кој ќе го каже тоа го кажува од незнаење или да манипулира со јавноста. Основно е ние да произведеме она што е најнеопходно во државата и што можеме да го направиме“, порача премиерот Ковачевски, на седницата за пратенички прашања во Парламентот.

Може да ви се допадне

Над 40 милиони евра се префрлени на 9.565 земјоделци во рамките на еко-шемата за зачувување на потенцијалот на почвата
Владата најави поевтинување на дизелот за 6,5 денари
Собранието го донесе Законот за задолжување на државата со заем од 260 милиони евра
Уапсени вкупно 39 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции – нелегално се стекнале со над 7,5 милиони евра
ММФ предупредува дека широките субвенции и замрзнувањето на цените можат да ја продлабочат кризата
Таг:владаковачевскимзшвседницасобраниесубвенции
Претходен напис Ковачевски: Субвенциите за земјоделците за 2023 година ќе се исплаќаат уште на почетокот на првиот квартал од годината
Следен напис Бачовски: Во следните денови ќе се реализира и исплатата за произведеното и предадено млеко во месеците јуни и јули 2021
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?