Во Општина Македонска Каменица во тек се активности за чистење на локалните патишта во руралните средини. Со активностите, како што информираа од Општината, опфатени се локалните патишта во селата Саса, Косевица и Цера.
– Во последните две недели ги прочистивме патиштата до маалите Алебаци, Трканица, Аџии, Буовци и Филиповци во село Саса, до Караџевци во село Косевица, Гребен во село Моштица, а во моментов се работи во Средоко во Горна Цера, каде патот е во катастрофална состојба и каде ќе се носат дополнителни количини тампон, информираа од Општината.
Оттаму посочија дека следува период на подготовка за асфалтирање на повеќе локалните патишта во руралните средини.
– Во 2023 година ќе асфалтираме рекорден број локални патишта, а голем дел ќе бидат тампонирани и подготвувани за асфалтирање во 2024 година, додадоа од Општината, пренесе МИА.
Подобрувањето на условите за живот на населението од селските средини, како што посочија, ќе биде приоритет на Општината и во наредниот период.
