Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Саеми „Органска трпеза“ и „Агро Мак 2022“ во Куманово од 30 септември до 2 октомври
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Саеми „Органска трпеза“ и „Агро Мак 2022“ во Куманово од 30 септември до 2 октомври
Саеми и манифестации

Саеми „Органска трпеза“ и „Агро Мак 2022“ во Куманово од 30 септември до 2 октомври

Објавено 28/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

По петти пат во Куманово ќе се одржи меѓународниот саем на органски традиционални производи „Органска трпеза“ и првиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки „Агро Мак 2022“, соопштија денеска организаторите.

Саемот го организираат Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „Живот“ и Комората на органски производители – КОП од Куманово со поддршка на општината. И годинава, предвидено е двете манифестации да се одржат кај Спортско рекреативниот комплекс во Куманово од 30 септември до 2 октомври. Како што најавија организаторите, предвидено е да учествуваат околу 3.000 луѓе од кои 200 до 250 излагачи од државата, Србија, Бугарија, Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина, Словачка, Унгарија, Црна Гора, Косово, Турција и други.

– Во согласност со идеологијата за здрав органски начин на живеење и делување, во единство со природата и идејата за Отворен Балкан и оваа година саемите ќе се одржат на отворено, имаат уникатна програма која вклучува повеќе содржински компоненти, изложбен дел на кој преку свои штандови ќе учествуваат производители, откупувачи и преработувачи на храна, пијалоци и земјоделски производи, производители и трговци со амбалажа, алати, опрема, машини и механизација, на семе и саден материјал, хортикултура, изјави претседателот на комората, Драган Цветковиќ.

Втората компонента има промотивен дел на кој ќе се презентираат општини, агенции, асоцијации, федерации, задруги, кластери, здруженија, владини и невладини организации, стопански комори и заедници.

– Како дел од содржинските активности, ќе бидат поставени традиционални трпези на заедниците од овие простори на кои ќе бидат презентирани традиционалната храна, фолклор и култура претставени од здруженија на заедниците на националностите во државата и здруженија и организации кои ги негуваат традицијата, занаетите и фолклорот, вели Цветковиќ.

На саемот учесниците ќе имаат можност за размена на научни, стручни и апликативни мислења и практики од областа на земјоделството, добрата земјоделска пракса и производството на безбедна храна, како и потребата за овозможување на научна и стручна соработка. Во рамки на саемот ќе бидат организирани работилници, панел дискусии, тематски мини-форуми и предавања на коишто ќе учествуваат, образовни и научни институции, претставници и експерти од секторот за рурален и земјоделски развој и секторот за развој на руралниот туризам, нутриционисти, сертификатори и консултанти, претставници на државни и локални институции, дипломатски претставништва, мисии и амбасади, странски и регионални саеми и финансиски институции.

На саемот ќе има и програма за најмладите, натпревари, кулинарски настани.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Меѓународните саеми „Органска трпеза“ и „Агро-Мак“ во септември во Куманово
Меѓународни саеми „Органска трпеза“ и  „АгроМак“ во Куманово
Таг:Агро Мак 2022Органска трпеза
Претходен напис Бабовски за протестот на сточарите: Општина Свети Николе не спаѓа во зоната под надзор и таму не се врши депопулација
Следен напис Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?