Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Наскоро исплата за предадено млеко за следната фаза – март, април и мај 2021 година кон 6000 корисници
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Наскоро исплата за предадено млеко за следната фаза – март, април и мај 2021 година кон 6000 корисници
АгровестиСубвенции

Наскоро исплата за предадено млеко за следната фаза – март, април и мај 2021 година кон 6000 корисници

Објавено 27/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот Љупчо Николовски на прес-конференција информираше дека на денешната владина седница биле предложени и усвоени низа нови мерки за поддршка на земјоделците. Една од нив е новата мерка од околу 140 милиони денари за финансиска поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо козјо и овчо млеко во домашните капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година

„Одговорно и навремено креираме мерки за поддршка на секој земјоделец. Наша обврска како Министерство е да го стабилизираме, одржиме и зголемиме домашното производство и да го поттикнеме и подобриме производството на храна намалувајќи ги трошоците на земјоделците. Крајната цел е поголем домашен принос пред се на стратешки култури и помала увозна зависност.

Поддршката кон земјоделците ја продолжуваме. На денешната владина седница предложивме и беа усвоени низа нови мерки за поддршка на земјоделците. Интервентниот фонд што го основавме оваа година го дополнивме со нова мерка којашто е околу 140 милиони денари за финансиска поддршка на млекопроизводителите по литар произведено и предадено кравјо козјо и овчо млеко во домашните капацитети за период од 1 октомври 2021 до 30 септември 2022 година.“

Николовски нагласи дека ова претставува дополнителна поддршка преку Интервентниот фонд, чија цел е намалување на трошоците и на загубите кај млекопроизводителите и додаде дека од страна на Платежната агенција веќе се поднесени налози за исплата на следната фаза – март, април и мај 2021 година кон 6000 корисници во вредност од 150 милиони денари.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:денаримзшвнајновосточарисубвенциифаза
Претходен напис Николовски: Нови 140 милиони денари преку Интервентниот фонд за финансиска поддршка на млекопроизводителите
Следен напис Николовски: Домашни јаболка, македонски јаболка за нашите дечиња во 350 основни училишта
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?