На вчерашниот референдум, Швајцарците ја отфрли иницијативата за забрана на интензивно, фабричко сточарство и зајакнување на правилата за благосостојба на животните, пренесува Swissinfo. Земјоделците овој исход го нарекуваат победа, а конечниот резултат го толкуваат како доверба во домашното земјоделство.
За досегашниот начин на производство на храна се изјасниле дури 62,9 отсто од населението, што е значително повеќе отколку што предвидувале анкетите. Од 26-те региони, само кантонот Базел ја одобрил оваа идеја.
Иницијативата, која претходно ја потпишаа 100.000 луѓе, бараше подобрување на условите за животните на фармите, редовен пристап до отворен простор и намалување на максималниот број на животни дозволени во еден објект.
Одговорен за ставот на Владата по ова прашање, министерот за внатрешни работи Ален Берсет изјави дека граѓаните оцениле дека во Швајцарија се почитува достоинството на животните и дека нивната благосостојба е доволно заштитена со важечката законска регулатива.
Противниците на забраната, вклучително и владата и мнозинството во парламентот, предупредија дека промената би довела до повисоки цени, намален избор на потрошувачите и „поплава“ од странски производи за да се пополни празнината предизвикана од новите правила – и покрај намерата да се усклади увозот во согласност со новите стандарди.
Активистите ја гледале реформата како начин за адаптација на швајцарското земјоделство на глобалната борба против климатските промени – што бара намалена потрошувачка на месо и пренамена на земјиштето за да се произведе повеќе зеленчук и помалку добиточна храна, особено по сушното лето оваа година.
Не негираа дека цените на животинските производи ќе пораснат како резултат на новите правила. Сепак, тие сметаат дека новите правила се неопходни во борбата против влијанието на интензивното земјоделство врз здравјето и животната средина. Сметаат дека месото треба да биде квалитетен производ за кој потрошувачите ќе плаќаат повеќе, но ќе јадат помалку.
„Да се вратиме на неделното печење!“, рече политичарката од Зелената партија Мерет Шнајдер за време на кампањата.
Доколку се прифати оваа иницијатива за одгледување, земјоделците ќе имаат рок до 25 години да се прилагодат на правилата.
Во последниве години, Швајцарија имаше жестока битка за земјоделското производство, вклучувајќи го и минатогодишното гласање за забрана на употребата на пестициди.
