Во организација на Македонското еколошко друштво и во соработка со локални партнери, неодамна беше прославен денот на Европскиот зелен појас на Јабланица.
Овој ден има особено значење за подигнување на свеста за природните богатства на Јабланица, коишто се дел од Балканскиот зелен појас.

Беа презентирани природните вредности на планината Јабланица и нејзиното значење како дел од Балканскиот зелен појас, како и потребата од развој на зелената инфраструктура во подрачјето.

Паралелно е организиран и планинарски марш до највисокиот врв на Јабланица – Црн Камен, преку кој учесниците имаа можност да се запознаат и да уживаат во разновидните предели на планината.

-За значајни промени во животната средина, потребни се системски и институционални постапки, но тоа не значи дека секој поединец не може да придонесе кон зачувување на природата и животна средина преку мали, но важни чекори.
Што може секој од нас да направи?

-Да се однесуваме разумно и одговорно кон природата;
-Да не загадуваме и да не фрламе отпад;
-Разумно да ги употребуваме природните ресурси;
-Да се грижиме за дивиот свет кога престојуваме во природа;
-Да учиме за природата, за живиот свет и екосистемите.

