Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Оранжериското производство во Европа на удар на енергетската криза – Земјоделците предупредуваат на пад на производството и скок на цените
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Оранжериското производство во Европа на удар на енергетската криза – Земјоделците предупредуваат на пад на производството и скок на цените
Агровести

Оранжериското производство во Европа на удар на енергетската криза – Земјоделците предупредуваат на пад на производството и скок на цените

Објавено 26/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Производителите на зеленчук во Северна и Западна Европа се на удар на енергетската криза Се повеќе луѓе размислуваат да „стават катанец“ на своите оранжерии. Финансиското влијание е преголемо и го загрозува снабдувањето со храна, пишува Ројтерс.

Поскапувањето на струјата и гасот се одразува на производството на земјоделските култури кои се одгледуваат во загреани оранжерии во студениот, зимски период, како што се доматите, пиперките и краставиците.

Загрозени се и видовите кои се чуваат во ладилници, пред се јаболката и кромидот.

Особено под притисок е производството на ендивија, која се бере наесен, се чува на температури под нулата и подоцна се пресадува во садови во простор со контролирана температура за производство во текот на целата година. Скапите инпути ги натераа производителите да се запрашаат дали воопшто ќе продолжат со производството.

Европските производители предупредуваат на пад на производството и скок на цените. Ова исто така може да значи дека супермаркетите ќе почнат да се снабдуваат од Мароко, Турција, Тунис, Египет.

Најголем трошок за оранжериското производство е зголемувањето на цените на гасот. Двајца француски фармери, кои ги обновиле своите договори за електрична енергија за 2023 година, откриле дека им е понудена цена која е десет пати повисока од онаа во 2021 година.

Покрај енергетските производи, се зголемија и цените на вештачкото ѓубриво, амбалажата, транспортот, а сето тоа го става под прашалник производството.

Јоханес Грос од германската задруга Reichenau-Gemise, чии оранжерии зафаќаат површина од околу 60 хектари, вели дека се соочуваат со севкупно зголемување на производствените трошоци за околу 30 проценти.

Може да ви се допадне

Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Славески: Народната банка треба да добие механизми за ограничување на банкарските надоместоци
Бјорн Наумовски Вискиус за МИА: Овдешната бирократија е вистински шок за Швеѓаните, но и тие можат многу да научат од овде за топлината и прилагодливоста во тешкотиите
Таг:оранжериско производство
Претходен напис Забрчанец: Наскоро идентификациски број за граѓаните на „Отворен Балкан“ со кој ќе можат непречено да работат во приватниот сектор во која било од тие три земји
Следен напис Битиќи: Македонија и Хрватска ќе го дорегулираат договорот за одбегнување на двојното даночење, со цел компаниите да имаат право на одбиток на ДДВ
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?