Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Привршува бербата на пиперката „ајварка“ во Струмичко, откупните цени исти како лани
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Пазари > Привршува бербата на пиперката „ајварка“ во Струмичко, откупните цени исти како лани
Пазари

Привршува бербата на пиперката „ајварка“ во Струмичко, откупните цени исти како лани

Објавено 20/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

За десетина денови се очекува да заврши бербата на отворено на пиперката „ајварка“ во Струмичко, а таа што беше засадена под пластеници веќе е собрана и продадена. Откупните цени се исти со ланските, па прва класа пиперка за преработувачките капацитети и откупните пуктови се откупува од 30 до 35 денари за килограм, а втората од 20 до 25 денари.

Производителите велат дека се задоволни од побарувачката за оваа пиперка, но од цените не се, бидејќи во споредба со лани производствените трошоци се неколкукратно зголемени.

-Освен откупните цени, голем проблем за земјоделците се и лошите временски услови, посебно последните дождови, кои многу лошо се одразија на квалитетот на „ајварката“ на отворено. Производството е при крај, но добро е што има интерес за неа и трговците ја откупуваат. Сепак, откупните цени требаше да бидат повисоки од лани за да можат земјоделците да ги покријат трошоците, кои се зголемени за неколку пати во споредба со лани, како што е цената на ѓубривата и другите репроматеријали, рече Ристо Велков, од Сојуз на синдикат на земјоделски производители Струмица.

Инаку, од година во година производството на оваа пиперка се намалува, а годинава на тоа влијаеја и екстремно променливите временски услови. Штети и намалување на приносите има кај оние прозводители кои навреме не ги наводнувале посевите и не извршиле навремено прихранување, а според досегашните сознанија производството на „ајварката“ е помало од лани за околу 20 до 30 отсто, пренесува МИА.

Може да ви се допадне

Во Струмица Саем на социјални иновации – UPSHIFT
ЦУК: Во Струмичкиот регион состојбата е стабилизирана, опаѓа водостојот на реките Струмица и Тркања, со механизација се интервенира на критичните локации
Општина Струмица: До 3 март треба да се дополнат барањата за легализација на бесправно изградени објекти
При опасност од сериозни нарушувања на ПАЗАРОТ СО ЗЕМЈОДЕЛСКИ ПРОИЗВОДИ, Владата може да воведе посебни МЕРКИ ЗА ЗАШТИТА додека не помине нарушувањето
Како се врши ИНТЕРВЕНТЕН ОТКУП НА ПЧЕНИЦА согласно Законот за земјоделство и рурален развој
Таг:ајваркаструмица
Претходен напис Германска компанија развива биостимулатор за да се намали употребата на ѓубрива за 50%
Следен напис Делегација на ССК на меѓународниот саем „ИНТЕРАГРО 2022“ во Бјелина
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?