Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Делегација на ССК на меѓународниот саем „ИНТЕРАГРО 2022“ во Бјелина
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Делегација на ССК на меѓународниот саем „ИНТЕРАГРО 2022“ во Бјелина
Саеми и манифестации

Делегација на ССК на меѓународниот саем „ИНТЕРАГРО 2022“ во Бјелина

Објавено 20/09/2022
Сподели
3 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Делегација на Сојузот нa стопански комори (ССК) во чиј состав се претседателот Трајан Ангелоски, потпретседателот и претседател на Агробизнис комора Горан Ѓорѓиевски и претставници на 13 компании учествуваат на Меѓународниот саем за земјоделство, храна, лов, риболов и екологија „ИНТЕРАГРО 2022“ што се одржува од денеска до 22 септември 2022 година во Бјелина, Република Српска.

Организирани во посебен дел на саемот кој има централна позиција на манифестацијата, македонските компаниите претставуваат различни видови на прехранбени производи кои се уникатни по своите карактеристики и со највисок квалитет, како органски бадем, локум, кикирики, таан, кондиторски производи, замрзнати пекарски производи. Повеќе реномирани македонски винарии претставуваат различни видови на сортни вина. Дел од компаниите ги презентираат своите производи кои се во делот на крмни смески и компоненти за добиточна храна, како и системите за наводнување капка по капка, минерални ѓубрива, средства за заштита, семенски материјал, пластеници и оранжерии направени со врвен квалитет и по највисоки стандарди.

Учеството на македонските компании е организирано на иницијатива на Сојузот на стопански комори во соработка и со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Имаме многу комплементарни производи што нуди голема можност за воспоставување на директна соработка меѓу деловните субјекти од двете земји. Сакам да потенцирам дека дојден е моментот кога фокусот треба да се стави на економската соработка, а политиката да остане на страна“, изјави Ангелоски на отворањето на саемската манифестација.

Во текот на трите саемски денови за подобра промоција на македонските компании предвидена е културно-уметничко програма, а ќе биде организиран и коктел, со што нашиот штанд ќе привлече посебно внимание кај посетителите.

„ИНТЕРАГРО 2022“ е една од најголемите и најпрестижни манифестации од овој вид во нашиот регион, поради што секогаш има голем број на излагачи од повеќе земји, како и значајна бројка на посетителите. Саемот нуди најдобри можности за воспоставување на нови деловни соработки и партнерства, а во годинешната програма е предвидено и доделување на награди на најуспешните излагачи. Организирани се и едукативни предавања на различи теми поврзани со агросекторот. Саемот се организира во општина Бјелина која е најразвиена земјоделска област во Република Српска.

Може да ви се допадне

Комората за интегрирано приватно здравство стана дел од ССК
ССМ: Синдикалната минимална кошница за март 67.818 денари
ССМ напладне ќе ги блокира работодавачите, бара зголемување на платите
ССМ ќе го блокира Собранието, бара повисока минимална плата и намалување на функционерските
ССМ почнува со најавените блокади, утре ќе го блокира пристапот до Собранието
Таг:бјелинаИНТЕРАГРО 2022ССКССМ
Претходен напис Привршува бербата на пиперката „ајварка“ во Струмичко, откупните цени исти како лани
Следен напис Времето денеска променливо облачно со сончеви периоди
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?