Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, информираше дека е одржан редовен координативен состанок за навремена подготовка на новата ИПАРД 3 програма.
„Како земја лидер во регионот по искористеност на средствата успеавме да обезбедиме 64% зголемена поддршка за новата ИПАРД 3 програма, со што во партнерство со ЕУ, овозможуваме финансиска поддршка за нови инвестиции во земјоделството и руралниот развој во висина од 120 милиони евра.
Она што како новост го работиме за новата програма е отпочнување со авансна исплата кон корисниците за дел од средствата.
До 21 септември трае јавниот повик за мерката 3 од ИПАРД 2 во вредност од 5,7 милиони евра. Мерка која се однесува за инвестиции за набавка на машини и опрема за производство и преработка, како и проекти за поставување на фотонапонски панели за производство на енергија од сопствени потреби.
Резултатот од 5 -годишното работење на овие програми е голем, бележејќи успешни резултати во модернизација на земјоделството преку нова механизација, системи за наводнување и нови капацитети за производство и преработка.
Досега преку ИПАРД 2 програмата финасирани се вкупно 2334 проекти, нови инвестиции во земјоделството кои надминуваат 150 милиони евра, а поддршката која како кофинансирање доаѓа од државата и средтва на ЕУ е во висина од 80 милиони евра.
