Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: СН Осигурителен брокер во Лажец кај фармерот Ѕано Фетиу, полисата е склучена, кравите се на „сигурно“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агросектор > СН Осигурителен брокер во Лажец кај фармерот Ѕано Фетиу, полисата е склучена, кравите се на „сигурно“
Агросектор

СН Осигурителен брокер во Лажец кај фармерот Ѕано Фетиу, полисата е склучена, кравите се на „сигурно“

Објавено 27/12/2019
Сподели
6 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Во последните години се повеќе се зборува за потребата ,  земјоделците да  го заштитат своето производство со тоа што ќе го осигураат. Климатските промени за кои се повеќе сме сведоци се само една од причините поради кои земјоделците час поскоро треба да направат осигурителна полиса за своите посеви , добитокот и сл.

СН Осигурителен брокер АД Битола, е водечка брокерска куќа кај нас која на различни начини  се обидува да ја подигне свеста кај земјоделците за потребата од осигурувањето. Еден од начините е олеснување на постапката за осигурување да да им излезе во пресрет на потребите на земјоделците.

На нивна покана, заедно со агентот за земјоделско осигурување Благојче Кулевски се упативме во село Лажец  битолско, кај  Ѕано Фетиу еден од поголемите одгледувачи на крави во овој регион, кој исто така се занимава и со одгледување на житни култури. Ѕано соработува со СН осигурителен брокер околу три години, а денес  ги повикал затоа што овие дена му завршува важноста на полисата за говедата. 

Домаќинот не пречека во дворот на неговата куќа, а од СН Осигурителен брокер за него подготвиле  мал новогодишен подарок. Веднаш не однесе во неговата фарма да видиме каде презимуваат говедата.

,,Моментално имам 47 грла говеда, тука во мојата фарма, и уште 15 високостелни јуници кои неодамна ги купив со поддршка на Министерството за земјоделство, треба да пристигнат за десеттина дена. Сега моментално се наоѓаат  во карантин во село Логоварди. Исто така обработувам и околу 18 хектари земја на која садам пченка , пченица , луцерка, грашок и сл. Од произвотството на млеко живее целата моја фамилија и сите дома тоа работиме, јас сопругата, родителите , па дури и  мојот шеснаесет годишен син кој е средношколец но секогаш помага кога има потреба. Во СН Осигурителен брокер препознав сериозна компанија и повеќе не можам да дозволам болест , временска неприлика или нешто слично да го уништи она за што сите максимално се вложуваме. Да се разбереме, во секоја поголема фарма со говеда секогаш има опасност до штета” – раскажува Ѕано.

Годинава произвеле околу 150 тони млеко, а за  2020 година  планираат да го зголемат произвдствтоо на повеќе од 200  тони млеко.

– Сакам да ги зголемам и површините под луцерка  која ја користам како храна за добитокот, затоа што годинава морав да купувам”, а тоа значително го поскапува производството – вели Ѕано.

Додека разгоаравеме , Благојче Кулевски од СН Брокер ни објасни  дека постапката за осигурување е навистина едноставна.

,, Земјоделецот само треба да не повика и се останато е наша работа. Треба да се пополнат само два формулари и тоа еден прашалник и едно овластување. Треба да ги видиме секако и пасошите на говедата, а предходно, овластен ветеринар од нашата компанија  ја утврдува расата и староста на говедата  и секако се прави и  проценка на нивната  зравствената состојба. За растителното производство  постапката е уште поедноставна.  За оние земјоделци кои земаат субвенции доволно е да ја донесат потврдата за субвенционирање , а оние кои не земаат субвенции треба само да обезбедат имотен лист од парцелите кои ги осигуруваат и да објаснат кои култури имаат намера да ги садат.”- вели Кулевски.

Трошокот што треба да се плати како премија за  полисата во случајот за фармата на Ѕано, до сега бил одприлика околу 5000-7000 денари по грло добиток. Тоа што Владата учествува во премијата за осигурување со субвенција од 60 % од  вкупната сума значително му ги намалило трошоците.

,,Секако дека сум задоволен, парите што ги давам се малку во однос на она што го добивам . Штета имам речиси секоја година, а осигурителната компанија ми исплаќа толку колку што сме се договориле. Исплаќаат навреме и навистина нема зошто да се грижам или да имам недоверба кон нив. Сите земјоделци треба да го осигураат своето производство, бес полиса само ќе изгубат и нема да заштедат” – вели Ѕано

Разговорот помеѓу агентот и домаќинот течеше како да се познаваат долго. Очигледно си ги знаат проблемите, роковите на полисите и плановите за понатаму.

 Се договорија да се видат за десеттина дена и веднаш да направат полиса за новопристигнатите јуници, а кон средината на наредниот месец да ја обноват полисата за  житните култури.

За подетални информации околу условите за земјоделското осигурување побарајте ги брокерите на СН Осигурителн брокер:

За осигурување на добиток:

1. Благојче Кулевски  078 227 654

2. Бурим Јашаровски    078 496 967          

3. Александар Лозановски   076 205 323   

4. Љупчо Поповски   078 282 211      

За земјоделско осигурување:

1. Илче Талевски  078 496 899

2.. Гоце Чавдаровски   076 249 602

3.. Таше Наумовски   078 455 545

 4. Поли Источка  071 516 120

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
БАНКИ кои нудат ЗЕМЈОДЕЛСКИ КРЕДИТИ: Услови, камати, контакти…
ЗК Пелагонија забележува раст на приходите од речиси 400%
Во оранжериите „Трнка“ се берат првите гајби зелка, со посветеност и труд до исплатлив агробизнис
Азески: Ако државата сериозно ги анализираше предлозите на Комората, ќе имавме многу поголем раст и развој
Таг:земјоделско осигурувањеосигурувањесн осигурителен брокер
Претходен напис Од ИПАРД 2 утре ќе биде објавен повик за нови 13,3 милиони евра
Следен напис Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2 со мерката за инвестиции во материјални средства за земјоделски и рибни производи
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?