Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: Со предложените законски измени оризот ќе стане стратешка култура и ќе се откупува за стоковите резерви
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Николовски: Со предложените законски измени оризот ќе стане стратешка култура и ќе се откупува за стоковите резерви
Агровести

Николовски: Со предложените законски измени оризот ќе стане стратешка култура и ќе се откупува за стоковите резерви

Објавено 12/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски изрази подготвеност за средба со претставници на оризопроизводителите, за да ги слушне барањата што тие ги изнесоа на вчерашниот протест и блокадата на магистралниот пат Кочани – Штип.

На денешниот брифинг со новинари, на кој беше претставен нов модел за субвенционирање преку програмите за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, тој нагласи дека поддршката за оризот ќе продолжи, а тој ќе стане стратешка земјоделска култура.

-Имаме потсекторски групи и наши економски социјални партнери, секојдневно се среќаваме со сите, до мене лично не е стасано барање, но ние сме отворени за граѓаните. Со низа мерки и политики даваме силен акцент на оризопроизводството и на наша иницијатива легислативата се менува, сè со цел оризот да стане стратешка култура што ќе биде откупувана од страна на стоковите резерви. Го исполнивме и клучното ветување дадено пред граѓаните, а тоа е интервентниот фонд, интервентната програма, и сме единствената земја во регионот којашто ја има. Сите барања што се доставени, и за средби и за конкретните состојби, ќе бидат разгледани и од мене и од мојот тим, буквално секој ден сме на терен и токму врз база на тоа искуство го предлагаме новиот концепт, истакна министерот Николовски, пренесува МИА.

Според ресорниот министер, поддршката за оризопроизводството во изминатите неколку години е сериозно подобрена, при што нагласи дека субвенциите по хектар се зголемени за 300 проценти, воведена е развојна субвенција, со навремена исплата на финансиската поддршка, а пред неколку дена биле потпишани десетина нови договори за набавка на специјални комбајни.

Може да ви се допадне

Жетвата на житото почна, а уште нема цена за него
АХВ утврди неправилности и кај месните производи
Лозовите насади на тероар вината на „Тиквеш“ меѓу најдобрите во Европа
Раст на БДП од 3,1 отсто во првиот квартал
СКСЗМ одбележа 20 години јубилеј, две децении посветеност на економскиот развој и поддршка на приватниот сектор
Таг:Николовскиориз
Претходен напис Николовски: Преку Отворен Балкан ќе се обезбедуваат доволно прехранбени продукти во секој поглед
Следен напис Почна санацијата на мостот кај карбинското село Долни Балван
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?