Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Бербата на грозјето во дел од Европа започна три недели порано, некаде се бере и навечер
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровест > Бербата на грозјето во дел од Европа започна три недели порано, некаде се бере и навечер
Агровест

Бербата на грозјето во дел од Европа започна три недели порано, некаде се бере и навечер

Објавено 05/09/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Бербата на грозјето во некои делови на Шпанија веќе започна, три недели порано од вообичаеното. Грозјето е зрело, нема што да се чека, а дневните температури се уште високи, неподносливи до тој степен што лозарите решиле преку ноќ да си ја вршат работата.

Во лозјата на винаријата „Андрес Мората“, која се наоѓа во близина на Мадрид, во срцето на Шпанија, работниците го берат грозјето со ламби на челото, како рударите.

Винарите биле принудени на оваа одлука поради претерано високите летни температури и сушата, пишува Ројтерс.

Инаку, со оваа работа таму започнуваат кон средината на септември, но годинава ја почнаа веќе на 24 август. Сопственикот вели дека роковите се поместуваат со години.

Топлото и суво лето ги принуди и француските лозари да берат порано. Бербата започна порано овој месец наместо во септември, особено сортите од кои се произведува шампањско.

Важно е да се собере грозјето пред да презрее и да има премногу шеќер.

„Мислам дека сме на пресвртница“, изјави за rte.ie Чарлс Филипонт, менаџер на семејната винарија, која произведува неколку стотици илјади шишиња вино годишно.

„Досега помагаше глобалното затоплување бидејќи можевме да береме во добри временски услови без дожд или студ, со добра зрелост и мало гниење“, коментира тој, потсетувајќи се на минатата година кога прво мразот, а потоа мувлата ги опустошиле лозјата.

Меѓутоа, при вакви временски услови, се јавува прекумерно зреење. Тоа ќе ги принуди лозарите и винарите да заземат поинакви пристапи, од порана берба, преку начинот на производство на вино или одгледување на нови сорти.

Во Италија немаат толку добри прогнози. WineNews пишува дека во провинцијата Бреша, на север на земјата, може да има пад на приносот меѓу 10 и 20 отсто поради сушата. Годинешната реколта веќе ја нарекуваат единствена поради досега невидените дневни и ноќни температури, како и екстремната суша што таму трае од февруари.
Во другите делови од земјата не е толку драматично, но во многу насади бербата на грозје веќе започна.

Може да ви се допадне

МИНТ ИНС: Кога ви треба АВТООДГОВОРНОСТ или КАСКО осигурување, не губете време и пари, брокерите ќе ви обезбедат најдобра понуда од осигурителните компании
До 15 јуни производителите на вино можат да аплицираат за финансиска поддршка на инвестициите
(ВИДЕО) Кисачките јагоди – Привизер се едни од најпознатите во Нови Сад, продажбата се врши директно „од камион“ и на самата плантажа
Пролетна нега на јагодите за здрави растенија и богат род
Намален бројот на работниците во индустријата
Таг:Андрес МоратабербавиноЧарлс Филипонт
Претходен напис Поедноставни процедури за поставување фотоволтаици во домовите и фирмите
Следен напис Васко Ковачевски: Заедно со Владата бараме начин да обезбедиме поевтина струја за стопанството
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?