Состојбата на пазарот на житарки никако да се стабилизира, а главни причини за флуктуациите се од една страна сушата, а од друга зголемениот извоз од Украина.
Цените на пченицата минатата недела прво пораснаа за 20 евра, а потоа повторно паднаа. Во петокот септемвриските договори за ова зрно на фјучерс пазарот беа во вредност од 330 евра за тон, што е за 15 евра повеќе од претходниот период. Како што наведува Agrarheute, декемвриските договори достигнале 319 евра за тон.
Кога станува збор за пченката, цените исто така осцилирале. Причина за тоа е влијанието на сушата која предизвика големи загуби во производството и потребата од увоз. Во петокот Европската комисија драстично ја коригираше европската жетва на пченката на само 59,3 милиони тони и во исто време ја зголеми прогнозата за увоз на 20 милиони тони.
Цените за новиот род на пченка (ноември) во петокот се уште беа само 316 евра за тон.
Пченицата во петокот во Хамбург се продаваше за 330 евра по тон, а за подоцнежните датуми беа понудени 335 евра/т. Јачменот достигна сума од 297 евра/т, а лебната ‘рж достигна 305 евра/т за тон.
Вчера на париската берза пченицата се продаваше за 330 евра/т.
