Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Николовски: 42 винарии, 3 дестилерии и повеќе од 10 производители на храна ќе ја претстават автентичната македонска кујна на „Винска визија на Отворен Балкан“
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Саеми и манифестации > Николовски: 42 винарии, 3 дестилерии и повеќе од 10 производители на храна ќе ја претстават автентичната македонска кујна на „Винска визија на Отворен Балкан“
Саеми и манифестации

Николовски: 42 винарии, 3 дестилерии и повеќе од 10 производители на храна ќе ја претстават автентичната македонска кујна на „Винска визија на Отворен Балкан“

Објавено 26/08/2022
Сподели
4 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Под покровителство на владите на Србија, Северна Македонија и Албанија, а како дел од иницијативата „Отворен Балкан“, почнува Првиот меѓународен саем за вино, храна и туризам „Винска Визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград, од 1 до 4 септември 2022 година.

-Со големо задоволство го најавуваме Првиот меѓународен Саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“, кој ќе се одржи во Белград од 1 до 4 септември годинава.
На Саемот ќе се претстават 42 винарии, 3 дестилерии од Северна Македонија како и повеќе од 10 производители на храна кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна. Ова е вистинска промоција на културолошките и идентитетските обележја, традиции и обичаи, како и поттик за домашната економија што значи поголем извоз, откуп и нови пласмани за македонските производи – рече министерот Љупчо Николовски.

Учеството на Северна Македонија на Саемот за домашната економија значи обезбедување поголем извоз, откуп и нови пласмани и пазари за македонските храна и вина. Истовремено преку Саемот ќе се обезбеди силна и ефективна промоција на туристичките капацитети на Северна Македонија и привлекување нови туристи пред се од регионот, но и пошироко. Македонската туристичка понуда на Саемот за вино, храна и туризам во Белград е претставена преку Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и е фокусирана на македонскиот ено-гастро туризам (туризам базиран на вино и храна), националните паркови, природните и вештачките езера, заштитените подрачја од УНЕСКО, руралниот туризам и адреналинскиот туризам.

Учеството на Северна Македонија на Саемот е вистинска промоција и на културолошките и идентитетските обележја, традиции и обичаи, вклучително македонските фолклор, музика и кујна, но и обележјата на сите други заедници кои живеат во земјата и останатите национални вредности.

Целта на овој Саем, меѓу другото е и на уникатен начин да ги поврземе винските патишта на Балканот и да ги собереме најдобрите винарии од регионот на едно место, низ соработка.

„Винска визија на Отворен Балкан” ќе понуди богата програма која вклучува дегустации на вино, натпревар „Трофеј на виното на Отворен Балкан“ 2022 година, едукативни еснафски работилници, дискусии за потенцијалот на винската индустрија на Балканот, можности за зголемено учество на светските пазари, како и средби меѓу претставници на производителите и откупувачите со цел проширување на економските потенцијали за компаниите и за економиите од регионот.

На Саемот во Белград ќе се претстават повеќе од 330 изложувачи од 22 земји од кои 233 се од земјите членки на Отворен Балкан.

Од Северна Македонија ќе учествуваат 42 винарии и 3 дестилерии кои ќе се претстават со повеќе од 300 различни типови македонски вина и ракии, а целосната координација во овој дел од претставувањето ја реализира Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. На Саемот ќе се претстават и повеќе од 10 производители на храна од Северна Македонија кои ќе ја претстават автентичната македонска кујна.

Стотици илјади очекувани посетители на Саемот ќе може да дегустираат автентична македонска храна која ќе ја подготвуваат македонски врвни готвачи како и храна од српската и албанската кујна подготвена од српски и албански врвни готвачи.

Ќе биде организирано и меѓународно оценување на виното од 25 меѓународни судии, а пет од нив се носители на најпрестижната титула во светот на виното – master of wine.

Може да ви се допадне

Саем на рурални домаќинства: Два дена македонски автентични вкусови – поврзување на модерното со традицијата
Влада на Србија: Меѓународен саем за вино, храна, ракија и туризам од 22 до 25 ноември во Белград
Македонските компании за првпат учествуваат на Меѓународниот саем АДИФЕ, можност за промоција на македонските производи
Премиерот Ковачевски на вториот меѓународен саем „Винска визија на Отворен Балкан“ во Белград
„Фестивал на жетвата“ денеска и утре ќе се одржи во Општина Новаци
Таг:винска визија на отворен балкан
Претходен напис Пченицата во Романија потфрли, Египет купува руска пченица, Индија не планира да ја увезува
Следен напис Побрзајте, уште десетина дена е отворен повикот за Мерка 3 од ИПАРД: Неповратни средства за фотоволтаици, машини, ладилници…
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?