Facebook Youtube
Agrotim.mk
Ad image
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Читате: Мирен протест на овоштарите од Преспа, бараат исплата на околу 4,5 милиони евра
Agrotim.mkAgrotim.mk
Зголеми текстAa
Пребарај
  • Дома
  • Агровести
  • Пазари
  • Субвенции
  • Фондови
  • Механизација
  • Рурален Развој
Заследи не
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Agrotim.mk > Рубрика > Агровести > Мирен протест на овоштарите од Преспа, бараат исплата на околу 4,5 милиони евра
Агровести

Мирен протест на овоштарите од Преспа, бараат исплата на околу 4,5 милиони евра

Објавено 25/08/2022
Сподели
2 мин. за читање
Сподели
Ad imageAd image

Овоштарите од Преспа, но и овоштари од Охрид и Битола денеска одржаа мирен протест и блокада на регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид со кои испратија порака дека бараат да почне исплатата на средствата кои како што рекоа, веќе се одобрени со одлука на Владата, пренесува МИА.

Станува збор за околу 4,5 милиони евра кои треба да ги добијат околу 4.000 овоштари, најголем дел од нив од Ресенско, но и овоштари од Битола и Охрид, истакна Љубе Пампулевски, овоштар од Ресен.

-На денешниот прв протест потсетивме дека веднаш треба да се исплатат средствата, односно надомест за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и во 2018 година врз овошните насади. Бараме средствата во целост да се исплатат најдоцна до 29 август оваа година, односно средствата да се уплатат на посебната, наменска сметка на Општина Ресен, во спротивно ние ќе продолжиме со протести, посочи Пампулевски.

За време на двочасовниот мирен протест, овоштарите изнесоа 11 барања до владата со цел да се надминат проблемите со кои се соочуваат во време на зголемени трошоци кои директно влијаат врз овоштарството и овоштарите.

-Бараме повисока цена на индустриското јаболко, навремена исплата на картичките за зелена нафта, а в година субвенционирањето да биде изразено во литри заради различната цена на нафтата, односно овоштарите реално да ги добијат договорените 100 литри нафта по хектар. Бараме исплата на сите заостанати дополнителни плаќања за регистриран земјоделец и рурален развој за 2020 и 2021 година, покачување на субвенциите за директни плаќања за 50 насто во 2023 година, забрзување на изградбата на откупно-дистрибутивниот центар за јаболка кај Царев Двор и други дополнителни барања, истакна Пампулевски.

Преспанските овоштари побараа државата да обезбеди посигурни пазари за извоз на конзумното јаболко, односно Владата да го задолжи МНР преку своите амбасадори да создадат услови за извоз на македонско јаболко во африканските земји, Турција, Египет и на Блискиот Исток.

Може да ви се допадне

“Рурални Жени за одржлив развој на Преспа”: Почнавме со берење на планински чај!
Министерството за економија и труд и Пазарниот инспекторат најавија засилен надзор врз движењето на цените
Безбедна е водата за пиење во Скопје
Ристески пред средбата со производителите, трговците и дистрибутерите: Не смее да има воени профитери што ќе заработуваат на грбот на граѓаните
Серафимовски: Земјоделските политики ги креираме во дијалог со производителите
Таг:јаболкапреспаптотест
Претходен напис Изгледите за приносите на летните посеви дополнително се намалени – Европа ја очекува суша и на есен
Следен напис Дизелот поскапува, цените на бензините не се менуваат
Остави коментар Остави коментар

Напишете коментар Откажи одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad imageAd image
Ad image
Страници

Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој


Агенција за храна и ветеринарство


Регистри на државно земјиште


Електронско наддавање


ИПАРД


Државен инспекторат за земјоделство


Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството


Консолидација на земјоделско земјиште


Македонски почвен информативен систем (МАСИС)


Кампања на ЕФСА „Стоп за африканската свинска чума“


МЗШВ закони


/ Накратко за нас /

Агротим.мк е специјализирана платформа за информации од агрокомплексот и агроберза.

Агротим.мк функционира како сервис на земјоделците и претставува систем кој ги интегрира сите чинители во овој сектор – Земјоделските примарни производители, преработувачите, откупувачите, трговците и Владата преку доближување на мерките кои се во интерес на профитабилен агробизнис.

Голем дел од нашиот ангажман го посветуваме на едукација на земјоделците преку директни контакти и средби, а со цел приближување на европските стандарди за конкурентно и профитабилно земјоделство.

/ Страници /

  • • За нас
  • • Импресум
  • • Маркетинг
  • • Услови за користење
  • • Контакт
Ad image
СИТЕ ПРАВА СЕ ЗАДРЖАНИ © АГРОТИМ МК - 2024
Welcome Back!

Sign in to your account

Lost your password?